Прилепска пиварница

пиварница

Прилепска пиварницаакционерско друштво од Прилеп, кое се занимава со производство на пиво и безалкохолни пијалаци.

Прилепска пиварница
ДејностАлкохолни пијалаци
Основано1924
Седиште,
ПроизводиПиво
Производствен обем
3.2 милиони хектолитри

Историја уреди

Прилепска пиварница е основана во 1924 година. Тој период се одликува со мануелно производство, кое расте од година во година и на почетокот на Втората светска војна достигнува 8 000 хектолитри пиво годишно. Самиот почеток на Втората светска војна ги продлабочува финансиските тешкотии во кои запаѓа пиварницата и таа престанува да работи. Повторното активирање на погоните се случува во 1952 година за во наредната, 1953 година, да се инсталира и парен котел за варење на пивото. Со таа технологија и 40 вработени во пиварницата, во 1966 година производството скокна на 42 000 хектолитри пиво годишно. Во тој период најголемото производство беше на црно и на светло пиво, Крали Марко, што ферментираше во дрвени буриња, а се пакуваше во стаклени шишиња. Поголема инвестиција во пиварницата беше преземена во 1972 година кога и производството се зголеми на 86 000 хектолитри пиво. Со преземањето на раководството од страна на млади високообразовани кадри, во 1975 година почна и брзиот раст на "Прилепска пиварница" и во наредните 3 години производството скокна на 250 000 хектолитри пиво годишно. "Прилепска пиварница" во 1980 година добива и лиценца за производство на светските брендови пепси и миринда за да во 1991 година добие и признание за најголема продажба на Pepsi, во апсолутен волумен, во регионот на поранешна Југославија и во Албанија. Во 2000 година го лансирала пивото златен даб, а својот асортиман го проширила во 2002 година со добивање лиценца за производство на овошни сокови - нектари „Пригат“.Во јули 2010 година е извршена замена на лиценцниот бренд на овошни сокови Пригат со сопствен бренд „Bloom“. „Прилепска пиварница“ создала ново пиво во мај 2011 година, кога бил лансиран брендот „Мајсторско“ со помал процент на алкохол. Во август 2011 година уште еден член на „Pepsi Cola International“ почна да се полни во "Прилепска пиварница" - тоа е безалкохолниот освежителен пијалак Evervess. Денес "Прилепска пиварница" е во приватна сопственост. Инвестициите во високата технологија ја направија и една од најмодерните пиварници на Балканот. Годишниот капацитет на варилницата е 582.000 хектолитри пиво годишно. Покрај тоа, сѐ уште ги полни лиценцните пијалаци Pepsi, Mirinda, 7 UP, и Evervess, како и овошниот сок Bloom.

Мисија уреди

Мисијата на Прилепска пиварница е унапредување на пазарните позиции, освојување нови пазари, чување на интересите на фирмата и исполнување на личните интереси на сите вработени. Тоа го остварува со врвен квалитет на своите производи и услуги, кои во целост ги исполнуваат барањата на потрошувачите, во согласност со важечките закони и прописи, почитувајќи ги барањата за безбедност на прехранбените производи.

Организација и управување уреди

Генерален директор на прилепска пиварница е Сашко Самарџиоски.[1]

Производи од прилепска пиварница уреди

Заштитен знак на Прилепска пиварница е висококвалитетното пиво, почнувајќи од златен даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па сѐ до туборг и карлсберг, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е Прилепска пиварница. Прилепска пиварница произведува и освежителни газирани безалкохолни пијалаци, како што се газоза и портокалада. Тука се и овошните нектар-пијалаци од линијата „Bloom“ со 5 различни вкуса: јаболко, портокал, праска, шумско овошје и тропско овошје. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, Прилепска пиварница ги полни пијалаците на Pepsi Cola International: пепси, пепси твист, пепси макс, „7UP“, миринда лемон и миринда оренџ. Mотивација за постојано усовршување Прилепска пиварница наоѓа кај крајниот потрошувач, кој секогаш мора да го добива најдоброто и најквалитетното. Тоа е мисијата што ја движи Прилепска пиварница, а тоа е и начинот со кој ја доби и постојано ја потврдува довербата на потрошувачите

Златен даб уреди

Златен даб е пиво со уникатен, умерено-горчлив вкус, создадено за сите оние што уживаат во

 
Точено пиво златен даб, на „Пивофест“ 2018 година

животот и што живеат на свој начин и по свои правила. Ова пиво на пазарот беше лансирано во 2000 година и за краток период стана едно од најбараните пива во Македонија и вистинска гордост на Прилепска пиварница.

Крали Марко уреди

Крали Марко е пиво со традиција, пиво со историја, пиво создадено по традиционален македонски рецепт, со препознатлив вкус кој повеќе од 86 години ги освојува вистинските јунаци и

Податотека:Krali Marko-PivoZaJunaci.jpg
Крали Марко - Пиво за јунаци

најпробирливите љубители на пивото.

Мајсторско пиво уреди

Мајсторско пиво - кога работата ќе премине во уживање, а создаденото дело во ремек дело, тогаш сте завршиле навистина добра работа. Мајсторски добра! Аирлија работа! Ова пиво е сосема нов производ, лансиран во 2011 година, со помош на потполно нова станица за филтрирање.

Пепси уреди

Благодарение на Прилепска пиварница, во 1980 година во Македонија пристигна ново, поголемо и уште повкусно освежување – Прилепска пиварница ја доби лиценцата за производство на пијалаците на PepsiCo, кои оттогаш урнаа повеќе рекорди на пазарот на безалкохолни пијалаци.

Блум уреди

Соковите Bloom се повеќе од освежување. Благодарение на витамините што ги содржат, тие го подобруваат вашето здравје и носат пролет во вашиот организам. Соковите Bloom содржат голем процент овошје и при секоја голтка создаваат вистинска овошно-освежителна сензација.

Миринда и 7up уреди

Миринда и 7UP се едни од најпознатите светски брендови на безалкохолни пијалаци, кои на македонскиот пазар се појавија во 1980 година, кога Прилепска пиварница ја доби лиценцата за нивно производство. 7UP, миринда оренџ и миринда лемон се вистинско освежување со уникатен вкус на портокал и лимон.

Евервес уреди

Евервес е преопознатлив освежителен пијалак со вкус на лимон, од PepsiCo компанијата. Идеален за задоволување на жедта без оглед на времето

Газоза уреди

Со незаборавно впечатлива арома на круша и безброј меурчиња што скокоткаат, газоза е пијалак кој и по толку години успеа да го задржи високиот квалитет и да остане вистинско освежување за сите генерации.

Портокалада уреди

Ако го сакате вкусот на портокал, тогаш портокалада е вистинскиот безалкохолен пијалак за вас, пијалак, кој го редефинира освежувањето и го подига на сосема ново ниво.

Туборг уреди

Туборг е едно од најпрефинетите пива на светот. По рецептот на старите мајстори, со негување и надградување на традицијата на производство, туборг стана едно од најдобрите пива во светот со едноставен и нежен вкус.

Карлсберг уреди

Карлсберг е синоним за врвно пиво. Тоа е стандард само по себе и квалитет што не може да се имитира. Поради тоа, карлсберг нуди вкус што никогаш не може да се замени со друг.

Производство уреди

За постигнување на доследен висок квалитет на производите, во развојот на технологијата Прилепската пиварница инвестирала околу 20 милиони евра. Поважни инветсициски проекти во последните години биле:

  • 2011 г. - Опрема за филтрација и стабилизација на пиво. Најсовремена, модерна технологија на мембранска, безкиселгурна филтрација на пиво и континуирана in-line стабилизација. Производители: Pall, GEA Westfalia.
  • 2008/2009 г. - Опрема за обработка на вода: филтрација, денитрификација со реверзибилна осмоза и дезинфекција на водата од производител: BERKEFELD.

Опрема за одлежување, матурација и стабилизација на пиво со целосна автоматска контрола и регулација на производствениот процес од производителите ZIEMANN и GEA Tuchenhagen Brewery System.

  • 2007 г. - Линија за производство на безалкохолни освежителни пијалаци (Пепси Кола) во PET амбалажа со брзина од 10.000 шишиња на час од производителите KRONES и SIG.
  • 2006 г. - Обновување, проширување и целосна автоматизација на одделението Варилница на пиво (вклучително автоматизиран дотур на суровини) – (ZIEMANN).
  • 2005 г. - Обновување на производствената линија за претпакување пиво во стаклена амбалажа (Filtek, Krones)
  • 2004 г. - Производствена линија за претпакување пиво во PET амбалажа (Fisher, ICS)

Обновување и реконструкција на одделение за производство на пареа

  • 2002/2003 г. - Воведување нова палета производи – овошни сокови-нектари пакувани во стаклена амбалажа (Fisher). Производствена линија за нектари пакувани во картонска амбалажа (purepak) – (ELOPAK)

Признанија уреди

Во септември 2014 година, „Прилепската приварница“ била прогласена за национален шампион на Европските бизнис-награди, кои ги доделува „RSM International“.[2]

Галерија уреди

               

Наводи уреди

  1. Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 46.
  2. „Прилепска пиварница е национален шампион на Европските бизнис-награди“, Дневник, година XVIII, број 5564, петок, 12 септември 2014, стр. 6.

Надворешни врски уреди