Ерменци во Азербејџан
Ерменците во Азербејџан — Ерменци кои живееле во голема мера во денешната држава Азербејџан и нејзиниот претходник, Советски Азербејџан. Според статистичките податоци, во Советски Азербејџан живееле околу 400.000 Ерменци во 1989 година[1][2]. Меѓутоа, повеќето Ерменци морале да ја напуштат републиката, по настаните што довеле до Нагорнокарабашката војна, како резултат на ерменско-азербејџанскиот судир.Злосторствата насочени против ерменското население, наводно, се случиле во Сумгајит (февруари 1988), Ганџа (Кировабад, ноември 1988) и Баку (јануари 1990). Денес, огромното мнозинство Ерменци во Азербејџан живеат на територија контролирана од страна на оддалечениот регион Нагорно-Карабах (120.700 во 1999 година според азербејџанската официјална статистика[3][4]) која ја прогласила својата еднострана независност во 1991 година под името Нагорно- Карабах, но истата не е признаена од ниту една земја, вклучувајќи ја и Ерменија. Неофицијалните извори проценуваат дека бројот на Ерменци кои живеат на азербејџанска територија надвор од Нагорно-Карабах е околу 2.000 до 3.000, и речиси исклучиво се состои од лица кои се во брак со Азери или се со мешано ерменско-азербејско потекло[5]. Бројот на Ерменци кои најверојатно не се во брак со Азерци се проценуваат на 645 (36 мажи и 609 жени) и повеќе од половина (378 или 59 отсто од Ерменците во Азербејџан надвор од Нагорно-Карабах) живеат во Баку, а остатокот во руралните средини. Тие најверојатно се постари луѓе или пак веројатно немаат други членови на семејството[5][6][7]. Ерменците во Азербејџан се изложени на голем ризик сè додека конфликтот во Нагорно-Карабах останува нерешен[8][9][10][11][12]. Во Азербејџан, статусот на Ерменците е несигурен[13]. Ерменските цркви остануваат затворени, поради големата емиграција на Ерменците и стравот од азербејџански напади[14].
Вкупен број | |
---|---|
120.300 (2009) | |
Подрачја со значајно население | |
Нагорно-Карабах и околните области, Баку | |
Јазици | |
ерменски, азербејџански | |
Вероисповед | |
Ерменска апостолска црква | |
Сродни народи | |
Ерменци во Нахичеван, Ерменци во Баку, Ерменци во Русија, Ерменци во Турција |
Историја
уредиЕрменци во Баку
уредиЕрменци во Нагорно-Карабах
уредиЕрменците живееле во регионот на Нагорно Карабах уште од времето на антиката[15]. Во почетокот на 2 век п.н.е. Карабах станал дел од Ерменското Кралство. Во 14 век, се појавило локално ерменско раководство, кое се состоело од пет благородни династии предводени од кнезови, кои ги држеле титулите на меликс и биле нарекувани Камса (пет на арапски). Ерменскиот меликс ја одржувал контролата над регионот до XVIII век. Во раниот 16 век, контролата врз регионот преминала во рацете на династијата Сафавиди, која ја создала провинцијата Ганџа-Карабах. И покрај овие освојувања, населението на Горен Карабах останал во голема мера ерменско[16].
Карабах бил вклучен во составот на Царство Русија со Договорот Курекчај, потпишан помеѓу ханот од Карабах и царот Александар I во 1805 година, а подоцна тоа било формализирано од руско-персискиот договор од Ѓулистан во 1813 година, пред остатокот од Закавказјето да биде инкорпориран во составот на Царство Русија во 1828 година со Договорот од Туркменхај. Во 1822 година, ханството било распуштено, а областа станала дел од Елисабетполската провинцијата во рамките на Царство Русија.
По Руската револуција од 1917 година, Карабах станал дел од Демократската Федеративна Република Закавказје, но државата бргу се растурила во одделни ерменски, азербејџански и грузиски држави. Во текот на следните две години (1918-1920), имало неколку кратки војни меѓу Ерменија и Азербејџан во неколку региони, вклучувајќи го и Карабах. Во јули 1918 година, Првото ерменско собрание на Нагорно-Карабах го прогласил регионот за самоуправување и создал национален совет и влада[17]. Подоцна, османлиските сили влегле во Карабах, задушувајќи го вооружениот отпор од страна на Ерменците.
Во април 1920 година, додека азербејџанската армија била заглавена во Карабах во борбата против локалните ерменски сили, Азербејџан бил освоен од болшевиците[16]. Потоа, спорните области на Карабах, Зангезур и Нахчован биле ставени под контрола на Ерменија. Во текот на јули и август 1920 година, Црвената армија го окупирала планинскиот дел на Карабах, Зангезур и дел од Нахчован. Подоцна, поради политички причини, Советскиот Сојуз се согласил на поделба според која Зангезур ќе падне под контрола на Ерменија, додека Карабах и Нахчован ќе бидат под контрола на Азербејџан. Освен тоа, планинскиот дел од Карабах, кој бил наречен Нагорно-Карабах, добил автономен статус како автономен регион на Нагорно-Карабах, давајќи им на Ерменците повеќе права отколку што им биле дадени на Азерите во Ерменија[18] и овозможувајќи им на Ерменците да бидат назначени на клучни позиции и да посетуваат училишта на нивниот мајчин јазик.
Советскиот Сојуз цврсто го контролирал регионот, конфликтот над регионот починал неколку децении.Ерменците во Карабах во голема мера не биле потиснати. Нивната ситуација била несомнено подобра од оние на Азерите во Ерменија кои живееле во Зангезур, иако не поседувале автономија[18]. Локалните училишта нуделе образование на ерменски, но ја предавале азербејџанската историја, а не историјата на ерменскиот народ; населението имало пристап до телевизија на ерменски јазик што била емитувана од каналот со седиште во Степанакерт контролиран од Баку, а подоцна и директно од Ерменија, иако на неповолен начин[19]. За разлика од Баку, случаите на мешани ерменско-азерски бракови во Нагорно-Карабах биле многу ретки[20]. Автономијата на Нагорно-Карабах довела до подемот на ерменскиот национализам и од решеноста на Ерменците во барањето независност.Со почетокот на распаѓањето на Советскиот Сојуз во доцните 1980-ти и раните 1990-ти, повторно се појавило прашањето за Нагорно-Карабах. Според Хјуман рајтс воч, азерскиот ОМОН и советските воени сили заеднички започнале „кампања на насилство за растерување на ерменските селани од областите северно и јужно од Нагорно-Карабах, територијална енклава во Азербејџан, каде што ерменските заедници живееле со векови“.[21].
„Сепак, неоснованата цел беше да се убедат селаните, половина се пензионери, кои постојано се преселуваат во Ерменија[21]. Оваа воена акција официјално се нарекува „Оперативен прстен“.На азербејџанските селани им било дозволено да дојдат и да ги ограбуваат празните ерменски села, додека повеќе од десет илјади ерменски селани биле принудени да заминат од Азербејџан.
Мнозинското ерменско население започнало движење кое кулминирало со унилатералното прогласување независност.
Ерменци во Нахичеван
уредиЕрменците имале историско присуство во Нахичеван. Според ерменската традиција, Нахичеван бил основан од Ное. Тој станал дел од Ервандска Ерменија под Ахеменидското Царство во 521 п.н.е. Во 189 п.н.е., станал дел од новото Кралство Ерменија основано од Арташес I[15]. Во 428, ерменската монархија била укината, а Нахчиван бил припоен кон Сасанидска Персија.Во 623 година, поседувањето на регионот преминало кон Византија.Самиот Нахчиван станал дел од автономното Кнежевство Ерменија под арапска контрола.По падот на арапската власт во 9 век, областа станала домен на неколку муслимански емирати.Нахчиван станал дел од Селџучкото Царство во 11 век.Во 1220-тите областа била ограбена од Монголците. Во 15 век, на сцена стапиле династиите Кара Којунлу и Ак Којунлу[15].
Во 16 век, контролата над областа преминала во рацете на Сафавидска Персија. Во 1604 година, шахот Абас I, загрижен дека земјите Нахичеван и околните области ќе поминат во османлиски раце, одлучил да воспостави политика на изгорена земја. Тој го присилил целото месно население, Ерменци, евреи и муслимани, да ги напуштат своите домови и да се преселат во персиските провинции јужно од реката Арас. Голем дел од депортираното население се населило во околината на Исфахан, која била прогласена за Нова Џулфа, бидејќи повеќето од жителите биле по потекло од Џулфа (претежно ерменски град)[15].
По последната Руско-персиска војна и Договорот од Туркменхај, областа преминала во руско владение во 1828 година. Ханството било распуштено, а неговата територија била споена со територијата на Ериван. Политиката за преселување спроведена од страна на руските власти ја охрабриле масивната имиграција на ерменско население во Нахичеван од различни делови на Отоманското Царство и Персија. Според официјалните статистики на Царство Русија, до крајот на 20 век Азерите сочинуваат 57% од населението, додека Ерменците 42%. За време на Руската револуција од 1905 година избувнал конфликт помеѓу Ерменците и Азерите, кулминирајќи со ерменско-татарските масакри. Во последната година од Првата светска војна, областа била местото на големо крвопролевање меѓу Ерменците и Азерите, бидејќи и двете страни имале претензии кон оваа област. До 1914 година, ерменското население било на 40%, додека азербејското население се зголемило на околу 60%. По Февруарската револуција, регионот бил под надлежност на Специјалниот Закавкаски комитет на Руската привремена влада, а потоа и на краткотрајната Демократска Федеративна Република Закавказје. Кога таа била распуштена во мај 1918 година, Нахичеван, Нагорно Карабах, Зангезур и Казак беа во голема мера биле оспорени меѓу новоформираните и краткотрајните држави на Демократска Република Ерменија (ДРА) и Азербејџанска Демократска Република (АДР). Во јуни 1918 година, регионот се нашол под отоманска окупација. Под условите на примирјето на Мудрос, Османлиите се согласиле да ги повлечат своите војници од Закавказје за да го отворат патот за претстојното британско воено присуство[22].
По кратка британска окупација и кревкиот мир што се обиделе да го наметнат, во декември 1918 година, со поддршка на азербејџанската партија Мусават, Џафаркули Нахичевански ја прогласил Република Арас. Ерменската влада не ја признавала новата држава и ги испратила своите војници во регионот за да ја преземат контролата врз неа. Конфликтот наскоро избувнал во насилна војна. Меѓутоа, до средината на јуни 1919 година, Ерменија успеала да воспостави контрола над Нахичеван и целата територија на самопрогласената република. Падот на републиката предизвикало инвазија од страна на редовната азербејџанска армија и до крајот на јули, ерменските војници биле принудени да го напуштаат Нахичеван. Во средината на март 1920 година, ерменските сили започнале офанзива на сите спорни територии, и до крајот на месецот, и регионите на Нахичеван и Зангезур биле под стабилна, но привремена ерменска контрола. Во јули 1920 година, 11-тата советска Црвена армија извршила инвазија и го окупирал регионот, а на 28 јули била прогласена Нахичеванска Автономна Советска Социјалистичка Република со блиски врски со Азербејџанска ССР. Бил свикан и референдум на почетокот од 1921 година, каде 90% од населението сакало да биде вклучено во Азербејџанска ССР. Одлуката да се направи Нахичеван дел од денешен Азербејџан бил зацементиран на 16 март 1921 година во договорот од Москва меѓу болшевичката Русија и Турција. Во годините што следеле по воспоставувањето на советското владеење, областа забележала значителна демографска промена. Нејзиното ерменско население постепено се намалило. Според статистичките податоци објавени од царската руска влада во 1916 година, Ерменците сочинувале 40 отсто од населението.[23]. Границите биле прецртани, а во 1926 година на советскиот попис, 11% од населението во регионот било ерменско[24]. До 1979 година овој број се намалил на 1,4%. Азербејџанското население, пак, значително се зголемило со повисока стапка на наталитет и имиграција (пораснало од 85% во 1926 до 96% до 1979 година). Ерменското население забележало големо намалување во текот на годините поради имиграцијата во Ерменија и на други места.
Некои ерменски политички групи и ерменската дијаспора, меѓу кои и најзначајната Ерменска револуционерна федерација (АРФ) тврдат дека областа треба да припадне на Ерменија. Сепак, Нахичеван официјално не го бара ова од владата на Ерменија. Но, големите ерменски верски и културни остатоци се сведоци на историското присуство на Ерменци во регионот. Неодамна, средновековните ерменски гробишта на Џулфа биле целосно уништени од азербејџански војници во 2006 година.
Условите денес
уредиЕрменците кои сè уште живеат во Азербејџан практично живеат со виртуелно криење, а исто така ги промениле своите ерменски имиња и презимиња, бидејќи тие морале да одржуваат исклучително низок профил за да избегнат малтретирање и физички напади. Тие продолжиле да се жалат (приватно поради страв од напади) дека и понатаму се предмет на вознемирување и кршење на човековите права и затоа морале да го сокријат својот идентитет[25]. Според извештајот на Службата за имиграција и натурализација од 1993 година[26]:
- Јасно е дека Ерменците се цел на насилство од општествените сили и дека азербејџанската влада е неспособна или во некои случаи не сака да го контролира насилството или актите на дискриминација и малтретирање. Некои сектори на владата, како што е наведено погоре од Одделот за визи и пријави, не се подготвени да ги спроведат владините политики за малцинствата. Сè додека ерменско-азербејџанскиот конфликт во врска со судбината на Карабах продолжува, а можеби и долго време по постигнувањето на решението, ерменските жители на Азербејџан нема да имаат гаранции за физичка безбедност.
Извештајот на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРН) објавен во мај 2011 година покажал дека нивните услови едвај се подобриле. Комисијата утврдила дека:
- ... луѓето од ерменско потекло се изложени на ризик да бидат дискриминирани во нивниот секојдневен живот. Одредени луѓе родени од мешани ерменско-азербејџански бракови избираат да го користат името на нивниот азербејџански родител за да избегнат проблеми во нивните контакти со службеници; други кои не веднаш аплицирале за азербејџански документи за идентификација кога поранешните советски пасоши беа заменети со денешните, се соочуваат со тешкотии во добивање документи за лична идентификација[27].
Наводи
уреди- ↑ Memorandum from the Lawyers Committee for Human Rights to John D. Evans, Resource Information Center, 13 June 1993.
- ↑ "Implementation of the Helsinki Accords: Human Rights and Democratization in the Newly Independent States of the former Soviet Union" (Washington, DC: U.S. Congress, Commission on Security and Cooperation in Europe, January 1993), p. 118.
- ↑ Demographic indicators: Population by ethnic groups Архивирано на 20 декември 2007 г.
- ↑ „Assessment for Armenians in Azerbaijan, Minorities At Risk Project“. Архивирано од изворникот на 2011-05-25. Посетено на 2019-03-21.
- ↑ 5,0 5,1 Этнический состав Азербайджана (по переписи 1999 года) Архивирано на 21 август 2013 г. (руски)
- ↑ „Definitions of national identity, nationalism and ethnicity in post-Soviet Azerbaijan in the 1990s“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-14. Посетено на 2019-03-21.
- ↑ European Commission Against Racism and Intolerance (ECRI), Second Report on Azerbaijan, CRI(2007)22, May 24, 2007
- ↑ „University of Maryland Center for International Development and Conflict Management. Minorities at Risk: Assessment of Armenians in Azerbaijan, Online Report, 2004“. Архивирано од изворникот на 2011-05-25. Посетено на 2019-03-21.
- ↑ Razmik Panossian. The Armenians.Columbia University Press, 2006; p. 281
- ↑ Mario Apostolov.The Christian-Muslim Frontier.Routledge, 2004; p. 67
- ↑ Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. Country Reports on Human Rights Practices. 2001
- ↑ Barbara Larkin. International Religious Freedom (2000): Report to Congress by the Department of State. DIANE Publishing, 2001; p. 256
- ↑ Azerbaijan: The status of Armenians, Russians, Jews and other minorities, report, 1993, INS Resource Information Center, p. 10
- ↑ United States Department of State, Country Reports on Human Rights Practices for 1992 (Washington: U.S. Government Printing Office, February 1993), p. 708
- ↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 Hewsen, Robert H. Armenia: A Historical Atlas. Chicago: Chicago University Press, 2001.
- ↑ 16,0 16,1 Cornell, Svante E. The Nagorno-Karabakh Conflict Архивирано на 18 април 2013 г.. Uppsala: Department of East European Studies, April 1999.
- ↑ The Nagorno-Karabagh Crisis: A Blueprint for Resolution, New England Center for International Law & Policy
- ↑ 18,0 18,1 Tobias Debiel, Axel Klein, Stiftung Entwicklung und Frieden. [Fragile Peace: State Failure, Violence and Development in Crisis Regions]. Zed Books, 2002; p.94
- ↑ T.K.Oommen. Citizenship, nationality, and ethnicity.Wiley-Blackwell, 1997; p. 131
- ↑ Алла Ервандовна Тер-Саркисянц, Современная семья у армян Нагорного Карабаха. В: В.К. Гарданов (ed.). Кавказский этнографический сборник.Ter-Sarkisiants, A. A. "Sovremennaja semja u armjan Nagornogo Karabaxa". In: V. K. Gardanov (ed.). Kavkazskij ètnografičeskij sbornik, 6: 11-46; p. 34.
- ↑ 21,0 21,1 HRW Report on Soviet Union Human Rights Developments [in 1991]. Human Rights Watch, 1992.
- ↑ Hovannisian, Richard G. (1971). The Republic of Armenia: The First Year, 1918-1919, Vol. I. Berkeley: University of California Press. стр. 58–62. ISBN 0-520-01984-9.
- ↑ Hovannisian. Republic of Armenia, vol. I, p. 91.
- ↑ Nakhchivan ASSR in the 1926 All-Soviet Census
- ↑ "Implementation of the Helsinki Accords: Human Rights and Democratization in the Newly Independent States of the former Soviet Union" (Washington, DC: U.S. Congress, Commission on Security and Cooperation in Europe, January 1993), p. 118
- ↑ "AZERBAIJAN: THE STATUS OF ARMENIANS, RUSSIANS, JEWS AND OTHER MINORITIES" Архивирано на 22 ноември 2010 г., INS resource information center, 1993
- ↑ European Commission against Racism and Intolerance "ECRI REPORT ON AZERBAIJAN (fourth monitoring cycle)." May 31, 2011. p. 30.