Договор од Мудрос

Примирјето од Мудрос било потпишано на 30 октомври 1918 година со кое бил ставен крај на непријателствата меѓу Османлискта империја и Антантата. Според договорот, Османлиите го предале целото оружје на сојузниците, сојузниците добиле право да го контролираат Босфорот и Дарданелите како и право за окупирање во случај османлиските власти повторно ја нарушат безбедноста. Турската армија била целосно демобилизирана, сите пристаништа, елезнички пруги и други стратешки цели биле ставени на располагање на сојузниците. Во Кавказ Османлиите морале да се повлечат во рамките на предвоената граница меѓу Русија и империјата. По потпишување на овој договор следувала окупација на Цариград и поделба на Отоманското Царство.

Примирје од Мудрос
Mondros Mütarekesi
ТипПримирје
Потпишаноктомври 30 1918 (1918-10-30)
МестоHMS Agamemnon
Потписници