Руска револуција

(Пренасочено од Руската револуција)

Руската револуција (руски: Революция 1917 года в России) претставува термин за серија од револуции кои се случиле во Русија во 1917 година и кои довеле до укинување на царскиот режим и создавање на Советскиот Сојуз. Царот бил симнат од власта, а на чело на земјата дошла привремената влада по Првата револуција од февруари 1917 година. Во втората револуција во октомври, Привремената влада била отстранета, а на власт дошле болшевиците.

Руска револуција
Датум 1917
Место Руска Империја
Исход
  • Абдикција на царот Николај II
  • Распаѓање на Руската Империја
  • Болшевиците ја презеле власта
  • Почеток на Руска граѓанска војна
Завојувани страни
 Руско Царство Привремена руска влада Петроградски совет
Болшевици
Команданти и водачи
Руско Царство Николај II Русија Александар Керенски Владимир Ленин

Преглед

уреди

Во текот на Првата светска војна, Руската Империја доживеала глад и економски колапс. Деморализирана, руската армија се здобила повлекување на голем број на војници од линиите на фронтот. Незадоволство со монархијата и својата политика на продолжување на војната се зголемила меѓу рускиот народ. Царот Николај и неговиот народ во Првата светска војна влегле со голем ентузијазам, како заштитници на своите српски браќа. Во август 1914 година, руските војски навлегле во Германија за да ѝ дадат поддршка на Франција.[1] Слабата економска политика на руските власти растела сè повеќе, која доведувала до зголемување на корупцијата. Голем дел од населението било огорчено по воените неуспеси и како главен виновник за ова го посочиле царот и неговата власт.[2] Во средината на 1915 година, војната се проширила. Резервите на храна и гориво се намалувале, бројот на жртвите растел како и инфлацијата. Избувнале големи штрајкови помеѓу недоволно платените работници во фабриките. Од друга страна, пак, земјоделците барале реформи. Во 1916 година бил убиен Григориј Распутин, кој имал голема улога во политичкиот живот.[2] Во текот на 1916 година, руската армија се борела против Германија, Австроунгарија и Турција на фронтот од Балтичко Море до Кавказ.

На 3 март 1917 година избувнал штрајк во една фабрика во Петроград. Сите работници престанале со работа и излегле на улични протести. Кога царот го распуштил законодавното тело и наредил штрајкувачите да се вратат на своите работни места, започнала Февруарската револуција.

Царот Николај II абдицирал на престолот по Февруарската револуција во 1917 година (или март, во зависност од календарот Види: Советски календар), предизвикувајќи големи безредија во Петроград и другите поголеми руски градови. Руската Привремената влада била основана веднаш по падот на царот од страна на Привремената комисија на Државната Дума во почетокот на март 1917 година и добила условна поддршка на меншевиците. На чело на владата застанал принцот Григориј Лавов. Привремената влада поддржувала учество во војната на која одлука болшевиците се спротивставиле. Привремената влада, исто така, ги одложила земјишните реформи барани од страна на болшевиците. Поради ова, владата на Лавов паднала, а новата влада била создадена од страна на Александар Керенски. Нови немири настанале по поразот од Германија на Русија во војната. По ова, околу 20.000 морнари влегле во престолнината Петроград, барајќи советите да ја заземат власта. Избувнала нова револуција, Октомвриска, а власта ја преземаат болшевиците.

Наводи

уреди
  1. Keegan, 139.
  2. 2,0 2,1 The Last Years of the Autocracy, excerpted from Glenn E. Curtis (ed.), Russia: A Country Study, Department of the Army, 1998. ISBN 0-16-061212-8.

Надворешни врски

уреди