Радош и Мала Река

планина во Леринско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Мала Река (планина))

Радош и Мала Река (грчки: Βουνά Ξινού Νερού, порано: Ράδοσι, Μάλα Ρέκα) — планина во Леринско.[1] Највисок врв е Голем Извор (1.011 м).

Радош и Мала Река
Βουνά Ξινού Νερού
Радош и Мала Река на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.011 м
Координати40°42′14″N 21°34′35″E / 40.7039° СГШ; 21.5764° ИГД / 40.7039; 21.5764
Географија
МестоЛеринско, Егејска Македонија
Карта

Опис

уреди

Ова претставува група од планини и ридови во југоисточниот дел на Леринско, кои се истакнуваат над околината за околу 400 м. Ридестото подрачје нема едно име, а денешното грчкото име Вуна Ксину Неру значи Горновъбенски Планини, по името на најголемата населба на подрачјето Горно Врбени.[1] Меѓу Македонците во употреба се три традиционални имиња — Радош е југозападниот дел на ридовите северно од Ајтос, а Мала Река на целиот северен дел источно од Бел Камен и западно од најисточниот дел — возвишението Кара Дуру. Групата се протега на исток до Нередска Планина (Вич), чиј продолжеток доаѓа до низината на Баница на север и до Долно Неволјани на југ. На исток, превојот Кирли Дервент кај Церово ја двои групата од југозападните краишта на планинскиот венец Мала Ниџе, кој е дел од Ниџе.[1] На север е низината Пелагонија, а на југ е котлината Сариѓол (Кајларско Поле).

Карпите на планината се варовници и конгломерати.[1]

До највисокиот врв се стасува преку патот Горно ВрбениБел Камен.[1]

Врвови
Име Грчки Висина (м) Местоположба
Голем Извор Ξηρή Πηγή, Γκόλμι Ισβάρ 1.011[1] СЗ над Горно Врбени
Селца Κούλα, Σέλτσα 1.000[1] СЗ над Горно Врбени
Голема, Бајрако Λάβαρο, Γκολέμα, Μπαΐρακο 1.001[1] СЗ над Горно Врбени
Кара Дуру Μαύρη Πέτρα, Καρά Ντουρού 1009[1] ЈЗ над Церово
Свети Атанасиј Άγιος Αθανάσιος 895[1] СИ над Бел Камен
Карлушка Ανεμόδαρτο,ή Καρλούσκα 935[1] С над Горно Врбени
Голема Глава Κάλας, Γκολέμα Γκάβα 893[1] ЈЗ над рудникот „Баница“
Радош Καψάλα, Ράδοσι, Σεβεσκέραβι 964[1]
Кукос Κούκκος, Κούκος 920[1] СИ над Бел Камен
Πέτρα 980[1] СЗ над Горно Врбени
Προσήλιο 918[1] С над Ајтос
Радош Συντ/χου Χονδρού, Ράδοσι 960[1]
Курија Ύψωμα Συντ/χου Παπαπέτρου, Κουρία 960[1] СЗ над Горно Врбени
Φανάρι 947[1] С над Спанци, З над Горно Врбени
Русфа Леска Φουντουκιές, Ρούσφα Λέσκα 956[1] С над Горно Врбени
Голем Дол 851 ЈЗ над рудник „Баница“
Слани Дол 807 Ј над Вртолом
Чакалов Дол 784 Ј над Лесковец

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 428. ISBN 978-960-86676-6-2.