Доксат
Доксат (грчки: Δοξάτο, Доксато)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Доксат Δοξάτο | |
---|---|
Координати: 41°5′N 24°13′E / 41.083° СГШ; 24.217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Доксат |
Општ. единица | Доксат |
Надм. вис. | 66 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 2.884 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 10 километри југоисточно од градот Драма на надморска височина од 66 метри.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 2190 жители од кои 120 Македонци, 850 Турци, 900 Грци, 120 Власи и 200 цигани[3][4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 48 македонски гркомани и 1100 Грци[3][5].
Грција
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1117 жители[6]
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
уредиВо 1928 година во селото биле сместени 258 грчки семејства со 1099 лица[8]. Во 1928 година, бројот на населението бил 4295 лица, додека во 1940 година селото броело 4760 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 4409 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 4402 жители, во 1971 година имало 3440 жители, во 1981 година имало 3389 жители, додека во 1991 година имало 3594 жители[9]. Денеска, населението на селото е 2884 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 4760 | 4409 | 4402 | 3440 | 3389 | 3594 | 3739 | 2884 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ од 1867 г.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Δοξάτο
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 204-205.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 19.