Црква „Св. Атанасиј“ - Доксат
Свети Атанасиј — црква во селото Доксат, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Атанасиј | |
---|---|
Αγίου Αθανασίου | |
Камбанаријата на црквата | |
41°5′35″N 24°13′52″E / 41.09306° СГШ; 24.23111° ИГД | |
Место | Доксат, Драмско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1867 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Доксатско |
Епархија | Драмска |
Црквата е осветена на 20 октомври 1867 г. според плочата на западниот ѕид. Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква и трем. Апсидата однадвор е украсена со слепи ниши.[1] Првично главниот влез бил од запад, преку тремот. Во 1893 г. со доградбата на камбанарија од делкан камен,[1] се направени извесни промени — тремот е затворен и на југ додаден е нартекс, каде е направен главниот влез.[2]
Иконите на иконостасот се дело на Серги Георгиев од Неврокоп, изработени во 1870 г. Само две икони се од друг мајстор, насликани во 1843 г.[1][3]
Во 1966 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 16 ноември 2014.
- ↑ „Црквата „Св. Атанасиј" во Доксат“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-11-10. Посетено на 10 ноември 2014.
- ↑ Τσιγάρας, Γεώργιος (3 декември 2006). „Ναός Αγίου Αθανασίου Δοξάτου“. Οδηγός Ανατολικής Μακεδονίας και Θράκης. Посетено на 27 септмеври 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)[мртва врска] - ↑ „ΥΑ 11707/14-6-1966 - ΦΕΚ 429/Β/8-7-1966“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2019-05-21. Посетено на 3 мај 2018.