Српци
Српци (понекогаш нарекувано Горно Српци) — село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола.
Српци | |
Сретселото на Српци | |
Координати 41°5′9″N 21°12′41″E / 41.08583° СГШ; 21.21139° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Битола |
Област | Ѓават-Кол |
Население | 45 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7314 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 02026 |
Српци на општинската карта Атарот на Српци во рамките на општината | |
Српци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола.
Историја
уредиВо XIX век, Српци било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Српци имало 820 жители, сите Македонци христијани и 230 Албанци муслимани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Српци имало 576 жители.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мало Српци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 53 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Власи.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Српци имало 65 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 39 Македонци и 6 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 820 | 576 | 634 | 650 | 548 | 497 | 547 | 179 | 111 | 65 | 45 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиГорно Српци или Српци е македонско православно село, родовите во селото поголемиот број се староседелски, а помалку доселенички.
- Староседелци: Јоновци (2 к.), Лазевци (2 к.), Гуле (1 куќа), Дамчевци (10 к.), Кумчевци (6 к.), Крстевци (5 к.), Гулабовци (5 к.),
Ѓореј (4 к.) (првично „Иванови“ од нив потекнува - Омраам Микаел Аиванов (Михаил Иванов, 1900-1986) — филозоф-мистик, ученик на Петар Данов[13] во род со битолскиот писател по потекло од Српци Тоде Ѓорески,
Барбовци (4 к.), Мишовци (3 к.), Златевци (3 к.), Скандиловци (2 к.), Радевци (2 к.), Шавкуловци (2 к.), Анѓелеј (1 к.), Шаковци (1 к.), Ѓорговци (1 к.), Трајановци (1 к.), Миленковци (10 к.), Зулумој (7 к.), Јончевци (7 к.), Јанаќој (6 к.), Бошевци (3 к.) и Вељановци (1 куќа). Родовите Јоновци, Лазевци и Гуле потекнуваат од ист предок, и родовите Скандиловци, Шаковци и Крстевци потекнуваат од ист предок.
- Доселенички: Обедниковци (3 к.) доселени се во првата половина од XIX век од селото Обедник во Железник. Го знаат следното родословие: Ташко (жив на 25 г. во 1951 година) Спиро-Коте-Ѓоргија, се доселил таткото на Ѓоргија; Јовчевци (2 к.) доселени се од некое село во Преспа; Тасевци (4 к.) доселени се од селото Рамна, таму биле староседелци; Дошлаковци (2 к.) доселени се од селото Завој во охридско; Колевци (4 к.), Каракли (3 к.), Балевци (2 к.), Ружој (2 к.) и Марковци (1 к.) доселени се однекаде; Влав (1 к.) потекнува од Влав, кој се доселил од Музакија во Албанија. Во Српци се оженил со Македонка, и сега во нивната куќа се зборува македонски.[14]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Цапари, во која влегувале селата Рамна, Ротино, Српци и Цапари.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Српци се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Рамна, Ротино и Цапари.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачко место бр. 0211 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[15]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[18]
- Грамадиште — населба од римско време.
- Цркви[19]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква; и
- Црква „Пресвета Богородица“ — манастирска црква.
Личности
уреди- Родени во Српци
- Апостол Дошлаков — револуционер од ВМОРО;[20]
- Трајан Талев Ачески — револуционер од ВМОРО;[21]
- Лазар Кузев Дамчевски — револуционер од ВМОРО;[22]
- Петре Илијев Зулумов — револуционер од ВМОРО;[23]
- Јонче Трајчев Јанакиоски — револуционер од ВМОРО;[23]
- Ѓорги Кулевски — револуционер од ВМОРО;[24]
- Трајан Петров Марковски — револуционер од ВМОРО;[25]
- Видан Јанаќиевски — македонски партизан, учесник во НОБ.
- Омраам Микаел Аиванов (Михаил Иванов, 1900-1986) — филозоф-мистик, ученик на Петар Данов;
- Тоде Ѓорески —писател, новинар и библиофил
Иселеништво
уредиДо 1951 година од селото имало иселеници во Битола (6 семејства), САД (20 семејства), Бугарија (22 семејства), Охрид (1 семејство), Србија (1 семејство), Аргентина (1 семејство) и во Австралија (7 семејства).[26]
Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, Скопје, САД, Канада, Австралија и низ Европа.[27]
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Старото основно училиште
-
Стари куќи
-
Селските гробишта на влезот во селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 ноември 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Кој е Михаел Ајванхов
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 27 ноември 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 27 ноември 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Илюстрация Илинден, 1934, бр.54, стр.14
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ 23,0 23,1 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ, к-4, AE 94/16. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-07-29. Посетено на 2021-07-17.