Тоде Ѓорески
Тоде Ѓорески, (Горно Српци, 4 август 1924 — Битола, 23 јуни 1993) — македонски писател, новинар и библиофил.
Тоде Ѓорески | ||
[[Податотека:|225px|]] | ||
Роден | 4 август 1924 Горно Српци, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 23 јуни 1993 Битола, Македонија | (возр. 68)|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Занимање | писател, новинар, библиофил |
Животопис
уредиТоде Ѓорески е роден во Горно Српци на 4 август 1924 година. Неговото семејство до 1918 година го носело презимето Иванови, во време на Кралство Југославија се преименувани во Ѓореѓевиќ, а по 1945 година во Ѓорески. Омраам Микаел Аиванов им е близок роднина. Основно образование стекнал во Горно Српци. Учесник е како партизан во Втората светска војна, ранет бил во околината на Винковци, Независна Држава Хрватска. По војната, завршил Учителска школа - Скопје а потоа Филозофски факултет - Скопје, (студиска група - југословенска книжевност и македонски јазик), Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје.
Работа
уредиПо завршувањето на Учителската школа во Скопје, извесен период работи како педагошки работник. Подоцна е наименуван за директор на градската библиотека во Битола, денес Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (Битола). Од 1964 година е избран за галавен и одговорен уредник на еден од најстарите весници во СР Македонија - Битолски весник[1].
Творештво
уредиКако долгогодишен главен и одговорен уредник, на еден од најстарите весници во Р Македонија, Битолски Весник, пројавува активна новинарска дејност, реализирајќи бројни осврти, прикази, коментари, критички согледби , оставајќи богат новинарски опус во сите журналистички жанрови, со аналитичен, сериозен и професионален пристап. Еден е од доајените на битолското новинарство.[2].
Објавувал и новинарски дописи во белградскиот весник „Борба“ и сараевскиот „Ослобоџење“. Сепак, негов главен опус и определба е литературата и книжевното творештво. Бил одличен познавач на светската современа литература. Иако неговиот литературен опус не е обемен, тој создал, специфичен литературен израз во кој инсистирал на синтетичност, лирска, интимна поетика, избегнувајќи ја еднолиниската наративност а потенцирајќи ја психолошката и емотивна, внатрешна стварност. Особено внимание обрнувал на стилистиката, јазичната инвенција, ритамот. Неговите дела содржат екстрат, којшто значи корелација и продолжување на литературниот универзум на Иван Бунин, Исак Бабел и др. Во 1971 година, ја објавил книгата , збирка раскази - „Војна“[3]. Во 1980 година ја објавил книгата, збирка раскази - „Патеки“[4]. Застапен е во неколку анталогиски избори објавени на македонски и српски јазик.
Библиофилство
уредиЗабележлива е и неговата работа во популаризацијата, собирањето, одржувањето, формирањето на издавачка продукција и посебноте негување на книжниот фонд во Битола. Како главен и одговорен уредник на Битолски весник ја создава издавчката дејност во самата новинска куќа, при што биле издаени бројни книжевни дела од истакнати домашни и странски автори (една од првите издавачки куќи во внатрешноста на Р Македонија).Во рамките на ова, бил и еден од уредниците и издавачи на списанието за литература и култура „Развиток“. Заедно со неколкумина културни работници, во 1967 година го иницираат создавањето и отворањето на првото триенале на југословенската графика, кое од 1994 година, ќе прерасне во едно од поистакнатите меѓународни гарфички манифестации.[5].
Зачувал и собрал бројни книжевни дела со кои го подигнал книжниот стандард на Битола[6].
Награди
уредиДобитник е на наградата 4. Ноември, на Битола (1971 година - Совет на Општина Битола), од областа на литературното остварување. Добитник е на наградата на Сојузот на здружението на новинари, на СФР Југославија за придонес во ангажирано и актуелно новинарство, Белград - Savez novinara Jugoslavije, 1982 година.Бројни признанија и дипломи од областа на библиотекарството, новинарството, литературата...
Наводи
уреди- ↑ „50 години Битолски весник“. Архивирано од изворникот на 2019-02-21. Посетено на 2019-03-30.
- ↑ Години Битолски весник, монографија,ISBN 8889- 2111 – 0 -9, COBISS. MK.ИД 17294401</[мртва врска]
- ↑ </Тоде Ѓорески, Војна, раскази
- ↑ </Тоде Ѓорески „Патеки“, збирка раскази
- ↑ Каталог на Првото триенале на современата југословенска графика, Галерија на современата југословенска графика,Битола,1967 година</
- ↑ АНДОНОВСКА, ПРИВАТНИТЕ БИБЛИОТЕКИ ВО БИТОЛА, ISBN 9989-9702-5-4, Национална установа-Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“2006.-98стр</[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- најстарата библиотека во земјава Архивирано на 11 декември 2017 г.
- Каталог, прво триенале Архивирано на 2 април 2019 г.