Ѓаваткол

мала историско-географска област во Битолско
(Пренасочено од Ѓават-Кол)

Ѓаваткол или Ѓавато-кол — поранешно име на Цапарско Поле, мала висормнина по течението на река Шемница која e мала историско-географска област во југозападниот дел на Македонија,[1] која се состои од три одделни мали котлини во источното подножје на планината Бигла.

Ѓаваткол - Кажани (лево) и Цапари (десно) за време на Првата светска војна

Јужната котлина се наоѓа во горниот тек на реката Шемница и за центар го имало село Ѓавато, по што за време на османлиското ропство тоа село било најголемо по што и областа го добила своето име. Покрај него во котлина влегуваат селата Маловиште, Кажани, Доленци, Лера, Рамна, Српци, Ротино и Цапари.

Средната котлина се наѓа во средниот тек на реката Шемница денес во најголем дел е зафатен од акумулација - Стрежевско Езеро. Најголемото село тука, порано било влашкото село Гопеш. Покрај него во котлина влегуваат Метимир, Свиниште кое сега е делумно потопено во водите на езерото Стрежево, но како сведок денес постои само црквата кај гробиштата на село Свиниште и селото Стрежево кај кое денес е изградена браната на акумулацијата.

Северната долина е на реката Мраморица (Смилевска Река) односно горниот тек , кое потпаѓа под оваа област е само едно село - Смилево. Во почетокот на XX век Ѓаваткол е посебна нахија во Битолскиот округ за време на административната поделба на Отоманското Царство. Денес оваа област област е вклучена во Општина Битола на Македонија, а само селото Смилево е дел од општина Демир Хисар. Традиционално во оваа област е населена со мешано население — Македонци, Власи и нешто Албанци.

Наводи

уреди
  1. АЛУШЕВСКИ, Илија. – Народни верувања во вампири во селата од Ѓаваткол; 2004