Литовој

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија

Литовој (грчки: Λεπτοκαρυά, Лептокарија; до 1954 г. Λιτοβόιο, Литовојо[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 187 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Литовој
Λεπτοκαρυά
Поглед на Литовој
Поглед на Литовој
Литовој is located in Грција
Литовој
Литовој
Местоположба во областа
Литовој во рамките на Постол (општина)
Литовој
Местоположба на Литовој во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°51.42′N 22°27.43′E / 40.85700° СГШ; 22.45717° ИГД / 40.85700; 22.45717
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПазар
Надм. вис.&10000000000000190000000190 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно187
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено во областа Бојмија, во северозападниот крај на Солунското Поле. Лежи 10 км североисточно од градот Пазар (Ениџе Вардар), по патот за Гуменџе.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Литовој е заведен како чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Литово како македонско село.[4][5]

Според Николаос Схинас во средината на 1880-тите Литовој (Λιτοβώη) — село с 25 християнски семейства.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Литовој броел 200 жители, сите Македонци христијани.[7][8] Селската црква „Св. Никола“ изгорела во несреќа[9].

Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Литовој (Litovoï) имало 256 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[7][10]

Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Литовој, 15 /III, 1 ч. од Дамјан. 30 македонски егзархиски куќи, чифлик. Се занимаваат со земјоделство, лозарство и бубарство. Црквата е отворена; во нејзина сопственост има мала дабова корија и 2 погона ниви. Селото се откажало од Патријаршијата пред статусквото и училиштето не се затворило. Училиштето е приватна куќа — земјанка, без таван, темно. Пред три години селаните почнале да градат училишна зграда, но бегот ги спречил.[7][11]

По податоци на егзархијата, во 1910 г. Литовој било чифлигарско село со 197 жители Македонци од 43 семејства и една црква.[7][12]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Λιτοβόι) имало 250 егзархисти.[6][13]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 35 македонски куќи.[6]

Во Грција

уреди

Во 1912 г. Литовој е заведен како село со хиристијанска и муслиманска вероисповед и македонски јазик, што значи дека во меѓувреме тука се доселиле некои муслимани (веројатно Роми). По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 220 жители (128 мажи и 92 жени),[6] а во 1920 г. се намалило на вкупно 193 жители.[3] Во 1924 г. сето население е протерано во Бугарија, претежно во Патреш, Великотрновско,[14], а на негово место се населени грчки колонисти. Истата година муслиманските жители се иселени во Турција.[6] Во 1928 г. селото е претставено како чисто дојденско со 471 жител од 132 семејства.[15]

Во 1940 г. селото пораснало на 552 жители, но за време на Граѓанската војна селаните биле повлечени во полето, и доста од нив не се вратиле и Литовој, туку се иселиле во поголемите градови и во странство; затоа оттогаш има повеќе од двојно помалку жители. Во 1954 г. селото е преименувано во Лептокарија, што во превод значи „леска“.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 552 215 334 216 213 204 215 187
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Во селото се произведува жито, тутун, малку овошје и друго, а делумно е застапено и сточарството.[3]

Личности

уреди
Родени во Литовој
  • Гоно Васков — претседател на селскиот комитет на ВМРО[16]
  • Христо Јапаџиев (Ичко Паџиев) — бегалец во Патреш, при кавга застрелал месни момчиња, па се преселил Свети Влас и станал член на ВМРО. Се вратил во Македонија; учествувал во организирањето на Воденскиот баталјон на Ѓорѓи Димчев во 1944 г. и бил командант на воениот логор. До крајот на животот живеел во Р Македонија[17].
  • Стојан Бабин — деец на месниот комитет на ВМРО
  • Христо Аризанов — деец на месниот комитет на ВМРО[18]
Поврзани со Литовој
  • Иван Бабев (р. 1947) — историчар во Бугарија, чии родители се преселници од Литовој

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιτοβόιο -- Λεπτοκαρυά
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 73.
  4. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  5. Григоровичъ, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 15 јули 2019.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  9. Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.528
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  11. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 85.
  12. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  13. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  14. Бабев, Иван, „Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.271
  15. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  16. Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.553
  17. Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.272
  18. Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.247

Надворешни врски

уреди