Липариново

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија

Липариново (грчки: Λιπαρό, Липаро; до 1926 г. Λιπαρίνοβο, Липариново[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 457 жители (2011), од кои апсолутно мнозинство се Македонци.[3]

Липариново
Λιπαρό
Липариново is located in Грција
Липариново
Липариново
Местоположба во областа
Липариново во рамките на Постол (општина)
Липариново
Местоположба на Липариново во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°44.49′N 22°14.51′E / 40.74150° СГШ; 22.24183° ИГД / 40.74150; 22.24183
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаАлександар Велики
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно368
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено во Ениџевардарското Поле (дел од Солунското Поле), 3 км југозападно од Кадиново и северозападно од Пласничево.

Историја

уреди

Среден век

уреди

Селото за првпат се спомнува во 1357 г. како Липарино со 210 жители.

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век селото се наоѓало во месноста Бекер, но во 1840 г. било преплавено од реката Мегленица, па затоа е преселено на денешното место.[4] Црквата „Св. Јован Претеча“ е изградена во 1864-65 г.[5] На почетокот на ΧΧ век Липариново е заведено како село в Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Липариново броело 100 жители Македонци и 30 Роми.[6][7]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Липариново (Liparinovo) имало 160 Македонци под Цариградската патријаршија.[6][8]

Во селото селото работела бугарската пропаганда. Според инспекторот Никола Хрлев во 1909 г. во Липариново имало бугарско училиште.[9]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 35 македонски куќи.[3]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 154 жители, и исто толку жители во 1920 г.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Липаро. Во 1928-1930 г. во селото се доведени 18 грчки колонисти од Понд (4-5 семејства). Така, во 1928 г. селото броело 188 жители, од кои 170 биле домородни Македонци.[3] Во 1935 г. се доселиле и некои Власи од епирското село Денско (Аетомилица).

Во 1940 г. Липариново имало 384 жители и доживеало умерен пораст во следните десетлетија поради поволните стопански услови, иако во 2011 г. доживеало пад на 368 жители.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 384 458 491 467 524 550 478 368
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото лежи во поле и целосно се наводнува, поради што дава високи приноси. Главни производи се овошјето (праски и јаболка), памукот, житото, пченката и др. Застапено е и краварството.[3]

Личности

уреди
  • Кољо Треболски (1884 – 1913) — борец во Балканските војни[10]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιπαρίνοβο -- Λιπαρό
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 73.
  4. Липариново на порталот на Општина Александар Велики[мртва врска] (грчки)
  5. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/9767/305/17-4-1996 - ΦΕΚ 351/Β/16-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-23. Посетено на 20 октомври 2014.
  6. 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  9. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 86.
  10. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 731.