Пласничево
Пласничево (грчки: Κρύα Βρύση, Крија Вриси, до 1927 г. Πλάσνα, Пласна[2]) — гратче во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 5.214 жители (2011) и сè до 1935 г. било македонско.[3]
Пласничево Κρύα Βρύση | |
---|---|
Координати: 40°41.15′N 22°18.19′E / 40.68583° СГШ; 22.30317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постолски |
Општ. единица | Пласничево |
Надм. вис. | 10 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 183 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 58300 |
Повик. бр. | 23820 |
Географија
уредиСелото е сместено во средиштето на Воденско-ениџевардарското Поле (дел од Солунското Поле), 20 км југозападно од Пазар (Ениџе Вардар).[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот на XIX век Пласничево било македонско село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Пласничево имало население од 200 Македонци и 56 Роми.[4][5] Сите жители потпаднале на селото потпаднале под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Пласничево живееле 264 Македонци, сите под патријаршијата.[4][6] Во следниот период Боривое Милоевиќ забележал дека селото имало 18 македонски христијани и 17 куќи на ромски христијани,[3] иако овој податок се чини неверодостоен.
На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:
„ | На 20.05 со цел само да задржам некои, за да им дадам напатствија да му се вратат на православието [мислејќи на Цариградската патријаршија], тргнав за селото Јанчишта. Но не успеав да задржам никого, и убив еден од оние што сакаа да избегаат. Потоа отидов во Призна и се занимавав повеќе со тоа да ги заплашам луѓето, и со тоа да ги убедам дека селата од Сланица треба да ѝ се вратат на православната вера [Патријаршијата]. Имав добар резултат со селата Балџа, Карајотица, Призна, Вреж, Плугар, Пласна, Голо Село и Власи[7] | “ |
Во Грција
уредиПо Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 301 жител, за во 1920 г. да се зголеми на 368 жители.[3] Во 1924 г. 76 жители се принудно иселени во Бугарија, а на нивно место се доведени 24 грчки доселеници од Понд.[8] Причината за скромниот број на доведени колонисти била маларијата, која го косела населението, бидејќи селото било на брегот на Ениџевардарското Езеро.[3]
Во 1927 г. селото е преименувано во Крија Вриси, што во превод значи „студена чешма“. Во 1928 г. во Пласничево се попишани 285 жители,[3] од кои 120 лица (35 семејства) биле грчки доселеници.[9] Со исцедувањето на Ениџевардарското Езеро 1935 г. властите довеле грчки колонистички семејства претходно сместени во други посиромашни села како Плугар.[10] Освен тоа, 1930-те кон Пласничево е присоединето и соседното село Призна,[11] што предизвикало голем раст на неговото население. Затоа, во 1940 г. во селото се попишани дури 2.914 жители.
За време на Втората светска војна Пласничево било база на ултранационалистичката паравојска „Национална армија на Грција“ под раководство на Георгиос Пулос. По војната, селото продолжило да напредува поради исклучително плодното земјиште кое целосно се наводнува. Во 1951 г. веќе станало гратче со 4.261 жител, за во 1961 г. да нарасне на 5.225 жители.[3] Во 1971 г. се заведени 5.268 лица, кои во 1981 г. станале 5.521. Во 1991 г. во Пласничево живееле 5.767 жители.[3] Во следното десетлетие селото доживеало повторен пораст на 6.535 жители, но во 2011 г. се смалило на 5.214 лица.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 2.914 | 4.261 | 5.225 | 5.268 | 5.521 | 5.767 | 6.535 | 5.214 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиПласничево денес има големи обратобливи површини и пасишта кои се обработуваат со најсовремена техника. Подигнати се огромни површини насади и овоштарници кои даваат илјадници тони овошје, памук, пченка и пченица. Многу е развиено и краварството.[3]
Личности
уреди- Атанас Темелков (1881-1968) — револуционер од ВМРО
- Никола Караиванов (1922-1944) — воен деец, подофицер, загинал во Втората светска војна[12]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πλάσνα -- Κρύα Βρύση
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 76–77.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр.146.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.102-103.
- ↑ Παπαλαζάρου, Ιωάννη (2007). Ο Μακεδονικός Αγώνας στην περιοχή των Γιαννιτσών. стр. 92–93.
- ↑ „Историја на Пласничево на порталот на поранешната истоимена општина“. Архивирано од изворникот на 2010-04-10. Посетено на 2019-11-18.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Кадиново на порталот на поранешната општина Александар Велики[мртва врска]
- ↑ Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.687
- ↑ ДВИА, ф. 39, оп. 3, а.е. 105, л. 39