Корнишор

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија
Ова е објавената верзија, проверена на 21 јануари 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Корнишор (грчки: Κρώμνη, Кромни; до 1926 г. Κορνισόρ, Корнисор или Κορνισιόρ, Корнисјор[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 8 жители (2011). Ова чисто македонско село имало многу побројно население сè до 1970-тите, кога властите ги префрлиле неговите жители во Ново В’дришта за полесна контрола и асимилација.[3]

Корнишор
Κρώμνη
Поглед кон Корнишор од Пајак
Поглед кон Корнишор од Пајак
Корнишор is located in Грција
Корнишор
Корнишор
Местоположба во областа
Корнишор во рамките на Постол (општина)
Корнишор
Местоположба на Корнишор во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°54.13′N 22°19.54′E / 40.90217° СГШ; 22.32567° ИГД / 40.90217; 22.32567
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаКир
Надм. вис.&10000000000000580000000580 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно8
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Стара куќа во селото.
Црквата „Св. Никола“ во селото.

Географија

уреди

Селото е сместено во јужните падини на планината Пајак, 13 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Во врска со местоположбата на селото, во 1909 г. Никола Хрлев напишал:

Според преданието ова село е основано од тројца разбојници. И ова делува веродостојно: инаку не може да се објасни што ги натерало луѓето да се населат во такво зафрлено и непристапно место, во најзабаталената долина на Пајак Планина.[4]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Корнишор се среќава во османлиски дефтер од 1632 г. како село со 64 христијански семејства[5].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Корнишор броел 400 жители Македонци и 80 Роми.[6][7]

На Илинден 1903 г. во Корнишор се обединиле четите на Крсто Асенов од Кукушко и ениџевардарските чети на Апостол Петков и Иван Карасулијата. Тука, пред 250 четници е одржана церемонија за осветување на знамето.[8] Според цариградскиот деец Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Корнишор имало 432 Македонци, сите под егзархијата.[6][10] Во селото почнала да работи и бугарската пропаганда.

Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Корнишор, 11 и 12 /III, 3½ ч. од Крушаре. 95 македонски егзархиски куќи... Се занимаваат со јагленарство, дрводелство, малку пчеларство и земјоделство. Порано биле доста имотни, но опаднале по редица неродни години. Лани и сега многумина умираат од тифусна треска. Црквата нема никакви имоти. Од Патријаршијата се откажале во 1903 г. Сега за првпат по статусквото се отвора бугарско училиште.

Училиштето е двокатно. Долу подрум (некогаш била дуќан), горе учулница, мало салонче и станбена просторија. Училницата, голема 8×4×2½ метри, има душеме, таван и добро е осветлена.[4][6]

Во 1909 г. во подрачјето на селото дејствувала гркоманската чета на Митре Никола Чера и Иван Богдан.[11] Корнишор во ова време веќе било големо село, бидејќи српскиот географ Боривое Милоевиќ во периодот пред Балканските војни го завел со 100 македонски куќи.

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од вод бугарски војници, подоцна истиснат од грчка војска. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 675 жители, а во 1920 г. се намалило на 525 лица.[3] Црквата и бугарското училиште се затворени. На крајот од Првата светска војна во 1918 г. се обесени мештаните Петар Петљаков, Христо Коњаров и Стојан Богданов, а Тодор Линов е претепан до смрт за потпомагање на бугарската војска. На заточеништво на Крит се испратени осудените Ташо Камшиков, Фото Ристаков, Григор Милошев, Иван Костараков и Петар Фустанов. За време на Грчко-турската војна (1919-1922) момчиња од селото се присилно мобилизирани во грчката армија[12]. По 1924 г. 30-50 лица (3-4 семејства) го напуштиле селото, населувајќи се во Горен Воден кај Асеновград во Бугарија;[5] Тодор Симовски го дава податокот дека се истерани дури 260 жители.[3] Во Корнишор се доведени грчки доселенички семејства, но тие наскоро го напуштиле поради неплодноста на земјиштето, па селото и понатаму останало чисто македонско.[3]

Во 1928 г. Корнишор е преименуван на Кромни. Таа година населението броело 330 жители, кое во 1940 г. се зголемило на 448 лица.[3] За време на Граѓанската војна во Корнишор бил сместен штабот на ДАГ. Властите ги повлекле жителите долу во полето, но тие се вратиле по војната. Во 1951 г. во селото се попишани малку жители (156), бидејќи многумина сè уште не биле повратени, но затоа во 1961 г. селото броело 565 лица.[3] Во 1968 г. власта почнала да ги иселува жителите во соседното Ново В’дришта за полесно контролирање и асимилација.[13][14] Во 1971 г. во него е попишан 441 жител, а на следните два пописа селото било без жители.[3]

Денес Корнишор е прогласен за архитектурен резерват и оживува се како туристичко место, а во него живеат неколку жители.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 448 156 565 441 0 0 14 8
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Личности

уреди
Родени во Корнишор
Починати во Корнишор

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κορνισόρ -- Κρώμνη
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 71–72.
  4. 4,0 4,1 Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 84.
  5. 5,0 5,1 Филипов, Никола. „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден, Издателство „SM“, Пловдив, 2011, стр. 95
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 146.
  8. Петров, Благой. Наранената земя, Алкор, 1995, Бургас.
  9. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1993, стр. 126.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102-103.
  11. Дебърски глас, година 1, брой 30, 24 октомври 1909, стр. 3.
  12. Бабев, Иван. Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр. 437-440
  13. Корнишор на порталот на поранешната Општина Кир Архивирано на 16 март 2010 г. (грчки)
  14. Ново В’дришта на порталот на поранешната Општина Кир Архивирано на 14 јануари 2010 г. (грчки)
  15. „Парцел 43“. София помни. Посетено на 4 март 2016.

Надворешни врски

уреди