Ливадица

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија

Ливадица (грчки: Λιβαδίτσα) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 46 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[2]

Ливадица
Λιβαδίτσα
Ливадица is located in Грција
Ливадица
Ливадица
Местоположба во областа
Ливадица во рамките на Постол (општина)
Ливадица
Местоположба на Ливадица во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°48.33′N 22°33.29′E / 40.80550° СГШ; 22.55483° ИГД / 40.80550; 22.55483
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПостол
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно46
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото е сместено во северозападниот крај на Пазарското Поле (дел од поголемото Солунско Поле), 12 км источно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) ја забележал Ливадица како македонско село.[3][4]

На некои карти слеото се води и под турското име Сујабакаџи (Суја Бакиџа/Бакаџи).[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ливадица (Суја Бакиџа) имало 250 жители, кои погрешно ги води како Власи (всушност Македонци).[6]

Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ливадица (Livaditza) имало 120 Македонци, сите под егзархијата.[7][8]

Во овој период бугарската пропаганда ги правела првите обиди за пробив во селото. Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Ливадица (Суја бакаџи), 16 /III, 3¼ ч. од Литовој. 26 македонски егзархиски куќи, чифлик. Се занимава со земјоделство и лозарство. Селаните се доста имотни — главно од кражба на беговиот дел. Од Патријаршијата се откажало пред статусквото. Никакви црковни имоти. Нема училишни простории. Сега првпат се отвора бугарско училиште. Сместено е во едно подрумче — темно, влажно, полошо од затвор.[7][9]

По податоци на егзархијата во 1910 г. Ливадица било чифлигарско село со 191 жител Македонци во 44 семејства и една црква.[7][10]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дела во селото (Λειβαδίτσα) имало 165 егзархисти.[5][11]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 30 македонски куќи.[2] [5]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 188 жители (92 мажи и 96 жени), кои во 1920 г. се свеле на само 82 лица.[2] Во 1924 г. целото население (108 Македонци) е приудно иселено во Бугарија, а на негово место се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. Ливадица е претставена како чисто дојденско село со 62 грчки жители (20 семејства),[12] иако според Тодор Симовски, населението во целина броело 94 жители.[2]

Во 1940 г. нивниот број се накачил на 142 лица, а по војните, во 1951 г. — на 166 лица. Оттогаш бројот на жители постојано опаѓа.[2]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 142 166 140 107 65 79 59 46
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Селото произведува жито, овошје, тикви, а се прават и сточарски преработки.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 72–73.
  3. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  4. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 3 август 2019.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 148. ISBN 954430424X.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  9. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство Проф. Марин Дринов. стр. 85.
  10. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  11. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  12. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.