Радомир (Ениџевардарско)
- За други истоимени места, погледајте Радомир
Радомир (грчки: Ασβεσταριά, Асвестарија или Ασβεσταριό, Асвестарио; до 1926 г. Ραδομίρ, Радомир[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4 жители (2011). До 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, кои биле апсолутно мнозинство сè до нивното префрлање во Ново В’дришта од властите.[3]
Радомир Ασβεσταριά | |
---|---|
![]() Двете цркви во Радомир | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°52.22′N 22°24.44′E / 40.87033°N 22.40733°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постол |
Општ. единица | Пазар |
Надм. вис. | 310 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 4 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во јужните падини на планината Пајак,9 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа почетокот на XX век Радомир е заведено како чисто македонско село во Ениџевардарска каза. Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Радомир било село со 35 христијански семејства.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Радомир броел 165 жители Македонци.[5][6]
Според цариградскиот деец Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Радомир (Radomir) имало 360 Македонци, сите под егзархијата.[5][8]
Според училишниот инспектор Никола Хрлев, во 1909 г. Радомир имал 48 македонски (според него „бугарски“) егзархиски куќи и месна црква „Св. Спас“. Во ова време навлегла и бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.[5][9]
Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
„ | Радомир, 13 /III, 3¼ ч. од Корнишор. 48 македонски егзархиски куќи, свои. Црквата „Св. Спас“ е отворена. Таа располага со 7 погони нивје и 30 овци. За првпат се отвора бугарско училиште. Училиштето, приватна куќа под наем, е една просторија голема 4×4×2 м со душеме, со огниште без таван и многу темно.[5][10] | “ |
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дела селото (Ραδομίρ) има 250 егзархисти.[4][11]
Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Къщата на забегналия Вандо Ѓошев е ограбена, а жена му е претепана.[12]
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 40 словенски куќи.[3][4]
Во Грција
уредиВо 1912 г. Радомир е заведен како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 329 жители (180 мажи и 149 жени), а во 1920 г. се намалило на 291 лице.[3] Во 1924 г. 64 лица се принудно иселени во Бугарија, а на нивно место се доведени 118 грчки колонисти.[3]
Во 1928 г. селото било етнички мешано село во 389 жители, од кои 137 лица (43 семејства) биле дојденци.[13] Во 1926 г. селото е преименувано во Асвестарија.[14]
Во 1940 г. селото имало 566 жители, од кои, според статистиката на НОФ, 123 биле грчки дојденци, а останатите биле македонски староседелци.[3] Радомир значајно настрадал во Граѓанската војна, поради што во 1951 г. имало 380 лица. Во 1961 г. населението се зголемило на 432, а во 1971 г. на 424 жители, со апсолутно мнозинство на Македонци.
Во 1970-тите властите решиле да го преселат целото население во нови станови во Ново В’дришта со цел нивно полесно асимилирање. Така, во 1981 г. во Радоми останале само 4 лица, а во 1991 г. само 3.[3] Во 2001 г. населението се зголемило на 25 лица, за повторно да спадне на 4 лица во 2011 г.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 566 | 380 | 432 | 424 | 4 | 3 | 35 | 4 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
уреди- Црква „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) од 1850 г., прогласена за споменик на културата
Личности
уреди- Вангел Иванов Ташев (1921 – 1945) — подофицер во Бугарија, загинал во Втората светска војна[15]
- Тома Радомирски — револуционер, четник на Ичко Димитров во 1912 г.[16]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ραδομίρ -- Ασβεσταριό
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 78.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 14 јули 2019.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
- ↑ Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 126.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
- ↑ Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 84. Во 1909 г. црквата поседувала 7 погони земја и 30 овци.
- ↑ Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските бълтарски училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 84.
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
- ↑ Дебърски глас, година 2, брой 25, 9 октомври 1910, стр. 4.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ ДВИА, ф. 39, оп. 3, а.е. 105, л. 27
- ↑ Динев, Ангел. Хуриетът и следхуриетските борби в Гевгелийско. София, 1934, стр. 63.