Аларе

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија

Аларе или Алар (грчки: Αρχοντικό, Архондико; до 1926 г. Αλάρι, Алари[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 218 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Аларе
Αρχοντικό
Аларе is located in Грција
Аларе
Аларе
Местоположба во областа
Аларе во рамките на Постол (општина)
Аларе
Местоположба на Аларе во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°47.24′N 22°27.55′E / 40.78733° СГШ; 22.45917° ИГД / 40.78733; 22.45917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПазар
Надм. вис.&1000000000000006000000060 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно218
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено 4 км источно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја

уреди

Праисторија

уреди

Во месноста Тумба има праисториска населба, прогласена за споменик на културата во 1984 г.[4]

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Аларе е забележано како чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Според Николаос Схинас во средината на 1880-тите Алари (Ααλάρη) било село со 20 христијански семејства.[5]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Аларе:

Селото Алари лежи на шумовито место во соседство на селото Чаушли, од кое е оддалечено на четврт час. Жителите се Македонци и се занимаваат претежно со земјоделство и по малку со винарство. На југ од селото има рид, покриен со густа шума.[6][7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Аларе броело 160 жители Македонци.[8][9]

Целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија, а во него влегла и бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Аларе (Alare) имало 224 Македонци, сите под егзархијата.[8][10] В селото има и Турци.

Аларе било предмет на напади од андартски чети на 11/24 декември 1905 г. Обединетите грчки чети на Ставрос Ригас, Михаил Анагностакос и Христос Прандунас го нападнале селото, но селската милиција дала силен отпор, а ситуацијата за андартите се влошила со доаѓањето на редовниот аскер.[11] По иницијатива на Прандунас, грчките андарти го пробиле обрачот со само тројца загинати и тројца ранети.[12] Селото повторно е нападнато од андарти на 2 јуни 1906 г. Турската власт, за да пресече каналите на ВМРО до Ениџевардарското Езеро, ги преселила жителите на Аларе во Пазар; ним им било дозволено да се вратат во селото дури по Младотурската револуција. Тогаш во Аларе и блиските села учителствувал деецот Димитар Лешников[13].

Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Аларја, 28/II, 1 ч. од Апостол. Ова село е двапати горено од грчките чети, и во него се останати 16 куќи: 12 егзархиски и 4 унијатски. Црквата „Св. Атанасиј“ нема никакви имоти, засега е затворена. Училиштето (вакуф) е земјанка со таван, голема 4×4×3 метри, добро осветлена.[14]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Αγαλάρ) има 66 егзархисти.[5][15]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 23 македонски куќи.[3][5]

Во Грција

уреди

Во 1912 г. Аларе е заведено како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 154 жители (82 мажи и 72 жени),[5] а во 1920 г. нараснало на вкупно 165 жители.[3] Во 1924 г. сето население е протерано во Бугарија. Неколку семејства се населиле Горен Воден кај Асеновград, во Искра и Волчин кај Карнобат, Бургаско. Во селото останал само неговиот кмет, Трајо Гусков.[16] На нивно место властите доселиле грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Архондико. Во 1928 г. селото е претставено како чисто дојденско со 245 жители од 71 семејство.[17]

Во 1940 г. селото пораснало на 422 жители и се одржало устојчиво сè до 1960-тите, кога населението се смалило речиси наполу.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 422 452 441 258 257 213 231 218
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото се смета за прилично богато бидејќи лежи во поле и земјиштето се наводнува. Се произведуваат овошје, памук, жито и тутун.[3]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви

Личности

уреди
  • Гоно Ѓошев — четник на војводите Иван Карасулијата и Апостол Петков[18]
  • Мицо Гусков (Мицо Ќаја) — крупен сточар и член на управното тело на ВМРО во Аларе, неколкукратно лежел во турски затвори. За кратко бил кмет на селото, но по 1922 г. е затворен на Крит каде умирел; неговите имоти ги прибрабиле грчки преселници[19].
  • Трифун Ќаев — раководител на селскиот комитет на ВМРО[20]
  • Антониос Аргириу (Αντώνιος Αργυρίου) — гркомански андартски деец, четник во 1907-08 г.[21]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλάρι -- Αρχοντικό
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Α1/Φ17/26695/879/24-5-1984 - ΦΕΚ 484/Β/23-7-1984“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-10-29. Посетено на 24 јуни 2018.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 15 јули 2019.
  6. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  7. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 53.
  8. 8,0 8,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  11. Νταφούλης, Παύλος Αχ (2007). Η υγειονομική περίθαλψη κατά την ένοπλο φάση του Μακεδονικού Αγώνος (1904-1908) και η δράση των εφέδρων και μονίμων αξιωματικών του υγειονομικού που συμμετείχαν στον Μακεδονικό Αγώνα (PDF). Ιωάννινα: Πανεπιστήμιο Ιωαννίνων. Ιατρική Σχολή. Διδακτορική διατριβή. стр. 191.
  12. Νταφούλης, Παύλος Αχ (2007). Η υγειονομική περίθαλψη κατά την ένοπλο φάση του Μακεδονικού Αγώνος (1904-1908) και η δράση των εφέδρων και μονίμων αξιωματικών του υγειονομικού που συμμετείχαν στον Μακεδονικό Αγώνα (PDF). Ιωάννινα: Πανεπιστήμιο Ιωαννίνων. Ιατρική Σχολή. Διδακτορική διατριβή. стр. 192.
  13. Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 210-223
  14. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските бълтарски училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 83.
  15. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  16. Филипов, Никола. „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден, Издателство „SM“, Пловдив, 2011, стр. 95
  17. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  18. Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 202
  19. Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 213
  20. Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 199
  21. Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 122. ISBN 978-960-12-1724-6.