Лозаново (Ениџевардарско)
Лозаново (грчки: Παλαίφυτο, Палефито; до 1927 г. Λοζάνοβο, Лозаново[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.388 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено со Македонци и Турци.[3]
Лозаново Παλαίφυτο | |
---|---|
Координати: 40°46.58′N 22°16.26′E / 40.77633° СГШ; 22.27100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постол |
Општ. единица | Александар Велики |
Надм. вис. | 18 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.388 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во Солунското Поле, 3 км северно од Кадиново и околу 15 км западно од Ениџе Вардар (Пазар).[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа почетокот на XX век Лозаново било село во Ениџевардарска. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лозаново броело 120 Македонци и 150 Турци.[4][5]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лозаново (Lozanovo) имало 64 Македонци под Цариградската патријаршија (грчката црква).[6] Српскиот географ Боривое Милоевиќ забележал дека во периодот пред Балканските војни селото имало 4 македонски и 24 муслимански куќи. Ова се должи на фактот што највеќето македонски семејства го напуштиле селото пред војните.[3]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 168 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 202.[3] Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени малоазиски Грци од Кидија кај Бурса, а во 1924 г. и од источнотракиски Грци од селото Петрохори кај Чаталџа.[7] Така, Лозаново станало чисто дојденско село во кео останале само две македонски семејства.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во на Палефито. Според пописот од 1928 г. во селото живееле 816 лица,[3] од кои 759 жители (213 семејства) биле грчки дојденци.[8]
Во 1940 г. Лозаново броело 1.412 жители. Според статистиката на НОФ во 1947 г. во селото останале само 7 Македонци. Во 1951 г. е забележано намалување на 1.227 лица, веројатно поради војните. Во следните десетлетија населението почнало да расте поради поволните услови.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.412 | 1.227 | 1.307 | 1.364 | 1.406 | 1.446 | 1.468 | 1.388 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиБидејќи лежи во поле и највеќето земја се наводнува, селото се смета за мошне богато. Најважни производи се овошјето (јаболка, праски, круши), памукот, бостанот, детелината, пченицата и др. Развиено е и краварството.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λοζάνοβον -- Παλαίφυτον
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 73.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
- ↑ Лозаново на порталот на поранешната општина Александар Велики[мртва врска] (грчки)
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.