Кадиново или Кад(и)ино Село (грчки: Γαλατάδες, Галатадес; до 1926 г. Καδίνοβο, Кадиново[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.858 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано, но со извесно македонско мнозинство.[3] Во минатото селото го имало и алтернативното турско име Сујукли.

Кадиново
Γαλατάδες
Новата црква „Св. Атанасиј“ во Кадиново
Новата црква „Св. Атанасиј“ во Кадиново
Кадиново is located in Грција
Кадиново
Кадиново
Местоположба во областа
Кадиново во рамките на Постол (општина)
Кадиново
Местоположба на Кадиново во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°45.21′N 22°16.50′E / 40.75350° СГШ; 22.27500° ИГД / 40.75350; 22.27500
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаАлександар Велики
Надм. вис.&1000000000000001600000016 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.858
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено на рид во Солунското Поле, 14 км западно од Ениџе Вардар (Пазар) и 25 км југоисточно од Воден.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

На почетокот на ΧΧ век Кадиново било село во Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кадијно Село (Суќутли) имало 248 жители Македонци и 60 Роми.[4][5]

Во Кадиново работела грчката пропаганда. Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кадиино (Kadiyno Selo) имало 336 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[4][6] Прв учител во грчкото училиште бил Христос Думис. Семејствата Стојанидис и Харисиадис зеле учество во грчката вооружена пропаганда против Македонците. Од Кадиново е таткото на гркоманскиот капетан Гоно Јотов.

Училишниот инспектор во Кукушката околија Никола Хрлев 1909 г. напишал вза селото:

Кадијно село (Сујутли), 3/III, 1 12 ч. од Карајотица. Има вкупно 55 македонски егзархиски куќи, половината од имотот. Се занимаваат со земјоделство. Доста имашливо село. Црквата нема никакви имоти. Училиштето е двокатно, со ниска визба, само една училница, со душеме, таван, добро осветлена, голема 6×8×3 м.[4][7]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 65 македонски куќи.[3]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 337 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 390.[3] Во 1924 г. властите принудно иселиле 38 жители во Бугарија и довеле грчки колонисти од Источна Тракија и Мала Азија, за кои изградиле нови жиевалишта. Во 1926 г. селото е преименувано во Галатадес. Според пописот од 1928 г. селото имало 848 жители,[3] од кои биле 368 грчки дојденци (98 семејства), а остатокот Македонци.[8] Со пресушувањето на Ениџевардарското Езеро во 1930-тите, дел од жителите на соседното македонско село Плугар се доселиле во Кадиново.

Во 1940 г. во Кадиново се попишани 1.286 жители, додека пак според статистиката на НОФ во 1947 г. селото имало вкупно 1.218 жители од кои 700 Македонци и 518 грчки дојденци. Бројот на жители продолжил да расте во следните десетлетија. Македонците и денес се нешто побројни од дојденците.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.286 1.529 1.648 1.639 1.841 2.039 2.339 1.858
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Бидејќи е полско и земјиштето во голем дел се наводнува, селото важи за многу богато. Главни производи се пченицата, пченката, памукот, овошјето и друго, а селото е познато и по производството на шпаргли. Сточарството е застапено со одгледувањето на млечни крави и друг добиток.[3]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καδίνοβον -- Γαλατάδες
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 69–70.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102-103.
  7. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските бълтарски училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 83.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.