Нова Пела
Нова Пела (грчки: Νέα Πέλλα, Неја Пела) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.510 жители (2011).
Нова Пела Νέα Πέλλα | |
---|---|
Координати: 40°45.55′N 22°29.30′E / 40.75917° СГШ; 22.48833° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постол |
Општ. единица | Постол |
Надм. вис. | 40 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1,510 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во западниот крај на Солунското Поле, 8 км југоисточно од Пазар (Ениџе Вардар), крај самиот пат за Солун и во непосредна близина на гратчето Постол. Лежи во плодно поле и има атар од 20 км2.[2]
Историја
уредиСелото е основано во 1924 г. од грчката држава, каде се сместени доведени грчки семејства од Источна Тракија. Наречено „Нова Пела“ поради релативната близина до старата македонска престолнина Пела, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Во 1928 г. Нова Пела е претставена како наполно дојденско село со 213 семејства и вкупно 880 жители[3] (Симовски наведува 740).[2] Во 1940 г. населението се зголемило на 1.248 жители, благодарение на пресушувањето на Ениџевардарското Блато кое овозможило сместување на уште грчки дојденци.[2] Пописот од 1951 г. бележи дека селото броело 1.249 лица. Во следните периоди населението продолжило да расте, со 1.438 жители во 1961 г., 1.522 во 1971 и 1.585 во 1981, за да достигне 1.631 жител во 1991 г.[2] Во следните десетлетија, населението Нова Пела бележи извесен пад, со 1.606 жители во 2001 и 1.510 во 2011 г.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.248 | 1.249 | 1.438 | 1.522 | 1.585 | 1.631 | 1.606 | 1510 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото важи за многу богато бидејќи располага со мошне плодното земјиште, од кое добар дел се наводнува. Се произведуваат големи количини овошје (претежно праски), памук, пченица, леќа и други култури. Развиено е и краварството.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 74.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.