Елевтерохори (Ениџевардарско)
Елевтерохори (грчки: Ελευθεροχώρι) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол во областа Централна Македонија, Грција. Создадено е од грчки доселеници во XX век,[2] а денес населението брои 183 жители (2011).
Елевтерохори Ελευθεροχώρι | |
---|---|
Координати: 40°52.59′N 22°22.29′E / 40.87650° СГШ; 22.37150° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постолски |
Општ. единица | Пазар |
Надм. вис. | 360 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 183 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на јужните падини на планината Пајак, 10 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја
уредиСелото е основано во 1924 г. од Грци доведени од Турција близу некогашното македонско село Железово. За првпат официјално се спомнува следната 1925 г.[2] Во пописот од 1928 г. се води како село од мешан етнички состав, со вкупно 173 жители; од нив 148 (50 семејства) биле дојденци, а 25 лица биле староседелски Македонци,[3] кои веројатно имале врска со Железово. Во пописот 1940 г. во Елевтерохори се заведени 234 жители, од кои сите биле дојденци, што значи дека малубројните Македонци веројатно се иселиле.
Елевтерохори е изгорено од германски единици во 1944 г. за време на Втората светска војна. Неговото население е повторно повлечено зимата 1947 г. во Грчката граѓанска војна, кога властите ги сместиле неговите жители во ниските села.[2] По војните, селото не било обновено во дотогашниот облик, и затоа било отпишано во пописите од 1951 и 1961 г.
Во 1971 г. повторно се јавува како постоечко, но само со 1 жител. Во следниот период, Елевтерохори почнало полека да се обновува појужно, во пониските делови. Така во 1981 г. се попишани 15, а во 1991 г. 27 жители.[2] Пописот од 2001 г. бележи значаен пораст на 93 жители, што значи дека имало доселување од околината. Во следните години населението се удвоило, така што во 2011 г. Елевтерохори имало 183 жители.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 234 | 0 | 0 | 1 | 15 | 27 | 93 | 183 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 68.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.