Дамјан (Ениџевардарско)
- За други значења на поимот Дамјан видете на појаснителната страница
Дамјан (грчки: Δαμιανό, Дамјано; 1926 г. Δάμιανη, Дамјани[2]), на турски Сулукли или Сулуклу — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 396 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]
Дамјан Δαμιανό | |
---|---|
Координати: 40°49.43′N 22°26.57′E / 40.82383° СГШ; 22.44283° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постол |
Општ. единица | Пазар |
Надм. вис. | 150 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 396 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во северозападниот крај на Солунското Поле (Пазарско Поле), 5 км североисточно од градот Пазар (Ениџе Вардар), по патот за Гуменџе.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Дамјан било мало, чисто македонско село во Ениџевардарска каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Дамија како македонско село.[4][5]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Дамјан:
„ | На четврт час растојание на север од Алари и на исток од градот, во планинско место се наоѓа селото Дамјани. Жителите се Македонци христијани и се занимаваат со земјоделство и винарство.[4][6] | “ |
На почетокот на 1870-тите жителите на Дамјан биле меѓу ретките села во Ениџевардарско кои биле под врховенството на Бугарската егзархија. Во овој период се обратиле кај нејзината управа да издејствува ферман за изградба на црква во селото.[7]
Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Дамјан (Δαμνιανή) било село со 8 христијански семејства.[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 90 жители, сите Македонци христијани.[9][10]
Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Дамјан (Damian) имало 112 Македонци, сите под егзархијата.[9][11] Во селото работела и бугарската пропаганда.
Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
„ | Дамјан, 14 /III, 3⁄4 ч. од Пилурик. Вкупно 16 македонски егзархиски куќи, половината чифлик. Се занимаваат со земјоделство, лозарство и бубарство. Црквата „Св. Димитрија“ е затворена; таа има 8 погони земја. Училиштето е отворено пред две години. Лани работело прикриено, во приватна куќа, а сега се учи во селската зграда. Второспоменатото е двокатно, само една просторија, голема 4×4×3 со душеме, таван, осветлена од два прозорци без стакла.[9][12] | “ |
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Δαμιανή) имало 130 егзархисти.[8][13]
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 12 македонски куќи.[3] [8]
Во Грција
уредиВо 1912 г. Дамјан е заведен како село со христијанска и муслиманска вероисповед и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 115 жители (60 мажи и 55 жени), кои во 1920 г. биле 114.[3][8] Во 1924 г. грчките власти го протерале сето население во Бугарија (115 лица), а малкуте тогаш присутни муслимани се иселени во Турција.[8] На нивно место се доселени грчки колонисти од Понд и Мала Азија.[3] Во 1926 г. е преименувано во Дамјано. Во 1928 година селото е претставено како чисто дојденско, со 373 жители од 100 семејства.[14]
Во 1940 г. селото веќе нараснало на 642 жители. Оттогаш населението постепено почнало да опаѓа, и ова трае до денес.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 642 | 526 | 563 | 463 | 470 | 409 | 381 | 396 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото е полупланинско и релативно пасивно. Се одгледува пченица, тутун и грозје, а делумно е застапено и сточарството.[3]
Личности
уреди- Ѓорѓи Иванов Пешев – Гончо (1885 – 1973) — четник на Христо Зинов и Иван Јанев-Брло; починал во Свети Влас, Несебарско[15]
- Ѓорѓи Костадинов Гинев (Гошо Дамјански) — раководител на месниот комитет на ВМРО[16]
- Димитар Ајгаров (1866 – 1947) — револуционер на ВМРО
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δάμιανη -- Δαμιανόν
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 67.
- ↑ 4,0 4,1 Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Григоровичъ, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 113.
- ↑ Маркова, Зина (1989). Българската екзархия 1870 – 1879. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 81.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 15 јули 2019.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
- ↑ Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 85.
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 451
- ↑ Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 298