Реис Шакири
Ресул Шакири (12 декември 1919 во Сопотско — 13 октомври 2006 во Скопје) — македонски работник, комунистички деец, борец, општественик и државник.[1]
Реис Шакири | ||
Роден | 12 декември 1919 Сопотско, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 13 октомври 2006 (возраст: 86) Скопје, Македонија | |
Националност | Албанец | |
Занимање | општественик и државник |
Животопис
уредиКако член на Сојузот на комунистите на Југославија од 1941 година, учествувал во создавањето на Преспанско-битолскиот НОПО, а потоа бугарските власти го интернирале во Свети Врач во 1942 година. Бил делегат на АСНОМ.
По завршувањето на Втората светска војна и Ослободувањето бил резервен мајор, секретар на Околискиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ) во Гостивар, член на Претседателството на НФМ и извршувал одговорни должности во ресорот за внатрешни работи, како началник на Обласното одделение во Битола и Градското одделение во Скопје.
Како член на Централниот комитет на СКМ, каде што бил избран на Првиот, Вториот и Третиот конгрес, бил министер за социјална политика и народна здравје во Владата на НРМ во периодот 1948-1950, потпретседател на Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија (НРМ) во периодот 1950-1052, член на Извршниот совет на Народното собрание на НРМ од 1952 година и во периодот 1957-1967, претседател на Околискиот одбор на ССРНМ во Тетово, потпретседател на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, потпретседател на Републичкиот совет на ССМ и други.
Исто така, бил пратеник во Народното собрание на ФНРЈ (во три свикувања) и во Народното собрание на НРМ и член на Претседателството на Главниот одбор на ССРНМ.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шакири“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1643. Text "series " ignored (help)