Влада на Македонија од април 1946
Владата на НР Македонија од април 1946 е формирана на 18 април 1946 година, само два месеци по реконструкцијата на првата влада, до која дојде во февруари 1946 година. Оваа влада имаше краток мандат, до донесувањето на првиот Устав на Народна Република Македонија, на 31 декември 1946 година, кога е избрана нова влада.
Состав на владата
уредиВладата е составена од претседател, два потпретседатели и 11 министри. Во однос на претходната влада од 1945 година, во оваа влада е вклучен и министер за труд.
Составот на владата е следниот:[1]
- претседател на владата: Лазар Колишевски
- прв потпретседател и претседател на Контролната комисија: Љупчо Арсов
- втор потпретседател: Неџат Аголи
- министер на внатрешни работи: Цветко Узуновски
- министер на финансии: Даре Џамбаз
- министер на индустрија и рударство: Георги Василев
- министер на трговија и снабдување: Диме Бојановски
- министер на земјоделство и шумарство: Крсте Симовски
- министер на градежништво: Тоде Ношпал
- министер на просвета: Никола Минчев
- министер на народното здравје: Вукашин Попадиќ
- министер на социјална политика: Борис Спиров
- министер на правосудство: Васил Калајџиски
- министер на труд: Кирил Петрушев
Реконструкција на Владата
уредиНа 12 ноември 1946 година е прифатена оставката на Борис Спиров како министер на социјална политика, поради неговиот избор за претседател на Уставотворното собрание на НР Македонија, и за вршител на должноста е именуван министерот на народното здравје Вукашин Попадиќ.[2]