Диме Бојановски - Дизе (Прилеп, 12 август 1909 - Скопје, 11 февруари 2002) — македонски комунист, борец, правник, историчар, универзитетски професор, публицист и преведувач.

Како член на КПЈ (1932), самоиницијативно го издавал незаконскиот весникУдарник“ (декември 1932 – мај 1933) како орган на КПЈ, поради што бил осуден на шест години. Казната ја одлежал во Сремска Митровица и во Лепоглава. По излегувањето од затвор, во 1939 година е исклучен од партијата поради поддршка на фракционерските активности на Петко Милетиќ.[1] Непосредно пред Втората светска војна бил интерниран во Ивањица (Меѓуречје).

Во времето на НОВ работел во Агитпроп при Главниот штаб на НОВ и ПОМ.

По ослободувањето го завршил Правниот факултет и бил министер за трговија и снабдување во владата од 1946 година, а потоа и министер за правда во Владата на НРМ (1949-1958). Бил и професор по политичка економија на Економскиот факултет во Скопје (од основањето до 1956), директор на Економскиот институт (1950-1955), претседател на Трговската комора на Македонија (1962-1967), член на Извршниот совет на СРМ и др. Ги превел на македонски делата од Карл Маркс „Капиталот“ (I-III) и „Увод во критиката на политичката економија“.

Наводи

уреди
  1. Страхил ГиговСеќавања“, Наша книга, Скопје, 1975, 150-151 стр.

Извор

уреди
  • „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 209 стр.