Црква „Св. Илија“ - Виниче

црква во селото Виниче

Свети Илијамакедонски православен манастирски црковен храм во скопското село Виниче.[1] Црквата е единствена во Виничкиот манастир кој е познат по оревот од кој извира света вода.[2]

Свети Илија
македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба

Карта

Координати 42°3′08.4″N 21°31′19.3″E / 42.052333° СГШ; 21.522028° ИГД / 42.052333; 21.522028
Место Виниче
Општина Гази Баба
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пророк Илија
Изградба 1900
Завршено 1912/2003
Архитектонски опис

Храмот бил изграден околу 1900 година на една доминантна височинка во Долна Маала.Претходно на тоа место бил поставен стар исклесан крст од камен, како симбол на христијанството и прославата на празникот Илинден, кој традиционално, секоја година се паѓа на 2 август. Тука се сместени и селските гробишта, кои порано се наоѓале во селото Црешево. Црквата е целосно обновена 2003 година од страна на месното население.

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Сто години извира вода од срцето на црковниот орев[мртва врска]