Огради (Виниче)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Огради

Карта

Местоположба 42°3′2″N 21°30′34″E / 42.05056° СГШ; 21.50944° ИГД / 42.05056; 21.50944
Основни податоци
Место Виниче
Општина Гази Баба
Тип

 некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Оградиархеолошко наоѓалиште во скопското село Виниче. Претставува некропола на доцноантичкото време. При обработувањето на земјата, во нивата на еден жител бил откриен доцноантички гроб. Гробот бил конструиран од необработени камени плочи, а во функција на капак била употребена една надгробна плоча со димензии 135 × 100 × 20 см и со латински натпис. Во фронтонот има релјефна претстава на машка и женска биста. Споменикот се наоѓа таму каде што бил најден.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 367. ISBN 9989649286.