Перикле Велјаноски
Перикле Спиров Велјаноски (1905 во Велестово, охридско — 8 јануари 1945 во Битола) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиПерикле Спиров Велјаноски е роден во охридското село Велестово. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил на 3 ноември 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада, учествувал во борбите против балистите кај кичевското село Зајас на 16 ноември 1944 година, каде бил тешко ранет. Се лекувал од здобиените рани во Битола. Починал на 8 јануари 1945 година во болница во Битола.[1]