Славе Ѓорѓо Димоски

поет од Македонија

Славе Ѓорѓо Димоски — [[Маhttp://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Славе_Ѓорѓо_Димоски&action=submitкедонци|македонски[мртва врска]]] поет, есеист и културен деец.[1]

Славе Ѓорѓо Димоски
Роден/а18 март 1959
Македонија Велестово, Македонија
ЗанимањеПоет

Животопис уреди

Славе Ѓорго Димоски е роден во 1959 во Велестово, дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Живее во Охрид. Работи како професор по македонски јазик и литература. Пишува поезија за деца и возрасни. Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици (англиски, руски, српски, латвиски и други).[2][3][4]

Димоски е основач на поетскиот фестивал „Поетска ноќ во Велестово“ која традиционално се организира секое лето во неговото родно село. Исто така, тој е директор е на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“.[5]

Библиографија уреди

  • Гравири (1979)
  • Проект (1982)
  • Студен порив (1985)
  • Последните ракописи (1988)
  • Спореден пат (1991)
  • Предмети и аргументи (1994)
  • Анабаза (1994)
  • Форми на страста (1998 и 1999)
  • Темно место (1999)
  • Мерач на зборовите (2007)
  • Поле. Бојно поле? (2008)
  • Мајчин јазик
  • Поезија-ткаења (2014)

На 25 јули 2014 година, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во Домот на културатаГригор Прличев“ во Охрид, по повод 35 годишнината од неговото поетско творештво била промовирана книгата „Поезија-ткаења“, која ги содржи десетте збирки поезија на Димоски. Истовремено, на промоцијата бил прикажан и документарниот филм „Поет на мал народ“ од Антонио Велјаноски, посветен на творештвото на Димоски.[6]

Во март 2023 година, во издание на Општина Охрид, била објавена книгата со критичко-есеистички текстови за поезијата на Димоски, со наслов „Славе Ѓорго Димоски во книжевната критика (македонска и светска)“ чиј приредувач е Димитар Пандев. Книгата е составена од два дела при што првиот дел, насловен „Македонска критика“, е поделен на три циклуси: „За поезијата“ со текстови посветени на поезијата на Димоски, „За книгите“ со есеи за неговите книги, а третиот дел содржи есеи за некои поединчени песни. Во вториот дел, насловен „Странска критика“ се приложени есеи на повеќе странски автори кои го анализираат творештвото на Димоски.[7]

Награди уреди

Наводи уреди

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 73.
  2. Песни на охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски објавени во престижното списание „Поетска планета“
  3. Поезија на Славе Ѓорго Димоски објавена во меѓународна публикација во Латвија
  4. Препеви од поетот Ѓорго - Димоски објавени во индиско списание
  5. Славе Ѓорго Димоски е новиот претседател на Управниот одбор на СВП, Утрински весник, 14.10.2008
  6. "35 години творештво на Ѓорго Димоски собрани во поетска книга", Дневник, година XVIII, број 5525, петок, 25 јули 2014, стр. 21.
  7. „Излезе критичко-есеистичка книга за поезијата на Славе Ѓорго Димоски“, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 16.
  8. „Охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски добитник на годинешното највисоко општинско признание“. Архивирано од изворникот на 2012-12-08. Посетено на 2013-02-25.
  9. Орден „Сергеј Есенин“ за охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски
  10. Промоција на Кумова слама од Славе Ѓ. Димоски наградена со Антево перо