Иљо Петроски
Иљо Настев Петроски (18 јули 1923 во Велестово, Охридско — 10 ноември 1946 во Скопје) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиИљо Настев Петроски е роден на 18 јули 1923 година во селото Велестово. Се занимавал со земјоделство. Кон НОБ пристапил доброволно во септември 1944 година, во составот на Првата македонска ударна бригада. Се разболува како борец и се лекува во воената болница во Скопје. Ослободен од воената обврска, умира на 10 ноември 1946 година.[1]