Рача (Велестово)
Рача — археолошко наоѓалиште во охридското село Велестово. Наоѓалиштето претставува населба од доцноантичкото време и средновековна некропола. Се наоѓа на 2 км југоисточно од Охрид, лево од патот за Св. Наум, во долината што се протега на исток, во правецот на селото Велестово. Овде, во бавчата на еден жител се откриени остатоци од градба ѕидана од кршен камен и варов малтер, а по површината има фрагменти од покривни ќерамиди и друг градежен материјал. Во источниот крај на наоѓалиштето, со обработувањето на нивата еден жител открил гробови градени од камени плочи, во кои нашол коски и неколку монети.[1]
ПоврзаноУреди
- Богородица Пречиста — средновековна црква и некропола;
- Велестово — депо на монети;
- Кромидишта — средновековна црква и некропола;
- Селиште — средновековна црква и некропола;
- Стара Рача — средновековна црква.
- Велестово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
НаводиУреди
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 241, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |