Белоградчик (бугарски: Белоградчик) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Белоградчик во Видинската Област. Има население од околу 4.723 жители (2022).[1]

Белоградчик
Белоградчик
град
Поглед на градот
Поглед на градот
Белоградчик is located in Бугарија
Белоградчик
Белоградчик
Местоположба на Белоградчик во Бугарија
Координати: 43°37′30.37″N 22°41′11.73″E / 43.6251028° СГШ; 22.6865917° ИГД / 43.6251028; 22.6865917
ЗемјаБугарија
ОбластВидин
ОпштинаБелоградчик
Управа
 • ГрадоначалникБорис Николов (БСП, ДПС)
Површина
 • Вкупна22,23 км2 (8,58 ми2)
Надм. вис.&10000000000000522000000522 м
Население (2022)
 • Вкупно4.723
 • Густина210/км2 (550/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код3900
Повик. бр.+359 0936
Мреж. местоbelogradchik.bg

Географија и местоположба уреди

Градот се наоѓа во подножјето на Стара Планина, на околу 50 километри јужно од реката Дунав и на околу 67 километри од регионалниот центар Видин. Градот е многу блиску до Белоградчичките Стени, кои зафаќаат површина од 90 квадратни километри и достигнуваат висина до 200 метри.

Историја уреди

Населбата настанала во времето на Римјаните, кои изградиле тврдина на истото место каде што се наоѓаат денешните остатоци од Белоградчичката тврдина.

Во 14 век, Белоградчик бил дел од Видинското Царство, а Белоградчичката тврдина била меѓу најтешките за освојување во земјата.

По османлиската инвазија за градот се откриени податоци во османлиски регистар од 1454 година. За време на османлиското владеење, жителите главно се занимавале со занаетчиство и земјоделство. Во 1850 година, во областа избувнало востание, кое било задушено во крв.

Белоградчичката тврдина била обновена во сегашната форма и по ослободувањето на Бугарја. Во војната од 1885 година, набргу по обединувањето на Источна Румелија со Кнежевството Бугарија, Србите го направиле првиот обид да го заземат градот, но биле поразени.[2]

На почетокот на Балканската војна, пет лица од Белоградчичк доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.[3]

Наводи уреди

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. История на Сръбско-българската война 1885 г. Щаб на армията – Военно-историческа комисия. София, Държавна печатница, 1925, стр. 710 – 712
  3. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 829.

Надворешни врски уреди