Перлеберг
Перлеберг (германски: Perleberg) — град и административно седиште на округот Пригниц, сместен во северозападниот дел на сојузната покраина Бранденбург, во Германија. Градот ги добил градските права во 1239[2]. Сместен во главно земјоделска област, градот има долга историја на војници кои биле сместени тука (најмногу од Прусија) и како административно седиште на локалната власт.
Перлеберг | |
Градското собрание и црквата Св. Јаков | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Пригниц |
Градски единици | 12 |
Градоначалник | Фред Фишер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 137,82 км2 |
Надм. височина | 31 м |
Население | 12.108 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 88 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | PR |
Пошт. бр. | 19348 |
Повик. бр. | 03876 |
Портал | www.stadt-perleberg.de |
Местоположба на градот Перлеберг во рамките на округот Пригниц | |
Координати | 53°04′0″N 11°52′0″E / 53.06667° СГШ; 11.86667° ИГД |
Географија
уредиПерлеберг се наоѓа во срцето на округот Пригниц, на половина пат помеѓу двата најголеми германски града Берлин и Хамбург.[3] Се граничи со општините Карштет на северозапад, Грос Панков (Пригниц) на североисток, Платенбург на југоисток; општинските заедници Бад Вилснак/Вајзен на југ, Ленцен-Елбталауе на запад; градот Витенберге на југозапад.
Штепениц тече од североисток кон југозапад низ Перлеберг. Историскиот центар на градот е изграден на острови помеѓу два ракави на реката.
Историја
уредиЕдна од најстарите градби во градот е црквата Св. Јаков (Jakobikirche). Првпат спомената во 1294,[4] била често обновувана и целосно изменета во 1850-тите.[5]
Во 14 век го достигнал својот врв како дел од Ханза. Во 1523 бил средиште на армијата на изборниот кнез Јоахим Први како поддршка на неговиот зет Кристијан Втори во обидот да се врати на неговиот престол. Триесетгодишната војна предизвикала сериозни оштетувања на градот; од 3.500 жители, само 300 преживеале.[2]
На 25 ноември 1809, грофот Бенџамин Батерст исчезнал во Перлеберг. Подоцна на сметка на исчезнувањето се појавиле тврдење дека станува збор за паранормална појава.[6]
Луѓе
уредиНаводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
- ↑ 2,0 2,1 „Историја“. Официјална страница на Перлеберг (германски). Град Перлеберг. Посетено на 18 јули 2011.
- ↑ „Liebenswerte Stadt im Herzen der Prignitz“. Официјална страница на Перлеберг (германски). Град Перлеберг. Посетено на 8 април 2011.
- ↑ Хепфнер, Август. „Die St. Jacobykirche“. Perleberger Reimchronik (германски). Посетено на 18 јули 2011.
- ↑ „St. Jacobi Kirche“. kirchenkreis-prignitz.de (германски). Evangelischer Kirchenkreis Perleberg-Wittenberge. Посетено на 18 јули 2011.
- ↑ Деш, Мајк (1990). „Исчезнувањето на Бенџамин Батерст“ (PDF). Fortean Times (54). стр. 40–44. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-14. Посетено на 2013-11-15.
Ризница-врска
уреди- Перлеберг на Ризницата ?
- Официјална страница
Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |