Џон Бон Џови

(Пренасочено од Jon bon jovi)

Џон Францис Бонџови Џуниор (англиски: John Francis Bongiovi, Jr.) (роден на 2 март 1962), попознат како Џон Бон Џови е американски музичар, текстописец и глумец. Tој е познат како водечки пејач и основач на рок групата Бон Џови. Има издадено два соло албуми и десет студиски албуми со неговиот бенд, со кој има продадено над 120 милиони албуми ширум светот. Како соло артист има бројни награди за неговиот труд, вклучувајќи Златен глобус. [1]

Џон Бон Џови
Бон Џови на премиерата на When We Were Beautiful во 2009
Животописни податоци
Родено имеЏон Франсис Бонџови Џуниор
Роден(а)2 март 1962
Перт Амбој, Њу Џерси, САД
Жанровихард рок
Занимањамузичар, текстописец, глумец
Инструментисоло пеење, гитара, пијано, хармоника
Период на активност1980–денес
ИздавачиIsland, Mercury
СоработнициБон Џови
Мреж. местоhttp://www.bonjovi.com

Детство

уреди

Џон Бон Џови е роден како Џон Францис Бонџови Џуниор, во Перт Амбои, Њу Џерси, син на два поранешни маринци.[2] Тој имал два браќа Антонио и Метју.[3] Тој е италијански-американец. Неговиот татко е роден во Шака, блиску до Агриџенто во Сицилија. Го посетувал средното училиште Св. Јосеф, во Метучен, Њу Џерси.[4] Подоцна се префрлил во Sayreville War Memorial High School во Парлин, Њу Џерси.[5]

Музичка кариера

уреди

Почетоци

уреди

Џон во младоста, се одлучува тотално да се посвети на музиката. Тој свирел во локални бендови со неговите пријатели и со неговиот братучед Тони кој поседувал 10 познати студиа во Њујорк.[6][7] Како резултат на тоа, неговите академски забелешки тој покажал помалку од спектакуларни достигнувања и слаби оцени. Веќе кога имал 16год. тој свирел во ноќни клубови.[8] Не одамна тој се запознал со клавијатуристот Дејвид Брајан (вистинско име: Дејвид Брајан Рашбаум), кој свирел во блуз банд наречен „City Expressway“.[9][10] Џон исто така свирел во бандовите „The Rest“,[11][12] „The Lechers“, „John Bongiovi“ и „the Wild Ones“.[13]

Кога имал 17год. Џон работел како чистач во студиото на неговиот братучед „The Power Station“. Во 1980, кога Meco го снимал таму „The Star Wars Christmas Album“, Tony го предложил Џон за пејач на песната "We Wish You A Merry Christmas", тоа беше прво негово професионално снимање.[14] Тој си заминал во 1983 кога добил договор за снимање.[15]

Џон ја напишал песната Runaway, една од неколкуте песни кои Џон ги напишал додека патувале од Сејревил до „The Power Station“. Тој отишол во неколку компании за снимање, влучувајќи ги Атлантик рекордс и Меркури(Полиграм), но сите го одбиле. Тој отишол кај DJ во WAPP-FM-радио шоу во Менхетен, го замолил DJ дај слушни песната „Runaway“ и DJ прифатил. DJ уживал во песната дури и ја емитувал. Песната прераснала во голем хит.

Бон Џови

уреди

Подоцна компанијата за снимање Меркури му даде на Џон договор за снимање во 1983 и да ја промовира песната Runaway, Џон ги повикал Ричи Самбора, Дејвид Брајан, Тико Торес и Алек Џон Сух и го формирал бандот.[16] Подоцна го запознале Док МекГи, кој станал нивни менаџер. Групата што ја формирале ја нарекле „Bon Jovi“.[17]

 
Џон Бон Џови на концерт во Холандија

Со помош на нивниот менаџер Док МекГи, бендот дебитираше албум Bon Jovi, кој беше издаден на 21 јануари 1984. Албумот доживеа голем успех во САД (продадени над 500.000). Во 1985 Bon Jovi го издаде нивниот втор албум "7800°Fahrenheit", кој беше со послаб успех.

Пресвртницата на бендот се случи кога тие го донесоа новиот текстописец Дезмонт Чајлд, за нивниот трет албум „Slippery When Wet“.[18][19] Чајлд напишал повеќе од нивните хитови на овој и на идните албуми кои достигнале огромна слава ширум светот со песните како: „You Give Love a Bad Name“, „Livin' On A Prayer“, и „Wanted Dead or Alive“.[20] Албумот експресно се продаде во 28 милиони примероци ширум светот од неговото издавање во 1986.[21]

Низ турнеите од 1986-1987 Џон се обидел да даде сè од себе на концертите од своите вокални способности. Позади сцената тој изјавил дека без својот вокален професор не можел да ја продолжи турнејата, бидејќи му помогнал за подобрување на својот глас. Спротивно на популарното мислење Бон Џови немал оштети на гласот низ турнејата во Њу Џерси. На живите снимки од концертите неговиот глас немал никакви оштетувања т.е бил во одлична состојба.

Следниот албум на Бон Џови бил „New Jersey“ издаден во 1988. Албумот се снимаше многу кратко по турнејата во Слипери, затоа што бендот сакаше да докажи дека не се само уште еден хит. Официјалниот албум бил омилен на обожавателите и имал голем комерцијален успех со хит песните, како „Bad Medicine“, „Lay Your Hands on Me“ и „I'll Be There for You“.

Наспроти огромниот успех на бендот, „New Jersey“ водеше кон крај на бендот како што тие се враќаа повторно на турнеи како турнеите од претходните албуми. Ова константно живеење на пат, речиси ја уништи јаката поврзаност помеѓу членовите од бендот. Самбора е запишан на албумите како текстописец на неколку песни. А бил навреден бидејќи целата слава му припаѓала на Џон. Членовите од бендот изјавиле дека после турнејата секој ќе тргни по свој пат, после турнејата во Гвадалахара, Мексико во раната 1990 тие си заминале со различни авиони.

Помеѓу 1990-1992 членовите на „Бон Џови“ повторно си заминале по сопствени патишта од многу строгата New Jersey турнеја која надминала над 200 шоуа на 5 континенти. Ова време помогна за нив да се одлучат дали „Бон Џови“ ќе може да опстане на сцената после рапидното сменување на музиката по нивното врќање на сцената.

Во 1992 бендот се појавил на сцената со албумот „Keep The Faith“.Албумот бесе издаден во ноември 1992. Продуциран од Bob Rock, албумот значел крај на нивните метал корени од претходните албуми и внесуваше повеќе „rock n roll“.Многу посложен како во текстот така и во музиката, албумот докажал дека Бон Џови може сè уште да опстане како бенд и во 90-те наспроти пораснатите афинитети на индустријата и публиката за новиот вид на рок наречен Grunge.

Во 1994 година Бон Џови го издаде албумот со најголеми хитови наречен „Cross Road“,кој исто така содржеше и две нови песни:хитот „Always“ и „Someday I'll Be Saturday Night“. Песната „Always“ цели шест месеци остана на тоp 10 на табелите на 100 најобри хитови и прерасна во еден од најголемите хитови на Бон Џови. Песната достигна на 4-то место на „U.S. charts“ и прво место во државите ширум Европа,Азија и Австралија. Синглот се продаваше многу добро посебно во Америка. Истата година басистот Алек Џон Сух го напушти бендот-тоа беше првата смена откато се формира Бон Џови. Хуг МекДоналд, кој беше басист на "Runaway" го земени Сух.

Нивниот шести албум „These Days“ беше издаден во јуни 1995. Со албумот „These Days“, Бон Џови го врати звукот на рокот во песната Keep the Faith. Снимката беше се потемна и не вообичаена за Бон Џови стилот. „These Days“ се продаде во огромен број примероци во Америка и беше на врвот на топ листите во Британија. Во текот на 1996 Бон Џови се покажа како „сила“ во музичката индустрија.

После другата подолга пауза, приближно 3 години, додека некои членови од бендот работеа на самостојни проекти, Бон Џови се регрупира во 1999 и почна да работи на новиот албум. Албумот „Crush“ излезе во 2000 и уживаше поголем успех не само во Америка туку и во целиот свет, благодарејќи на делот од хит-синглот „It's My Life“, кој беше помогнат од введскиот продуцент Макс Мартин. Во албумот „Crush“ беше исто така промовиран и хитот „Say it isn't so“.

Во доцната 2002 нивниот нов албум „Bounce“, кој ги содржел хитовите од „Crush“. Bounce не уживал толкаво ниво на успех како неговиот претходник. Албумот издаде хитови како „Everyday“ и „Bounce“.

Долго очекуваниот 9-ти албум на Бон Џови „Have a Nice Day“, беше издаден во септември 2005. Албумот се искачи на врвот на табелите ширум светот, давајќи му на Бон Џови голема кариера уште во првата недела во САД, продавајќи преку 202.000 албуми. „Have A Nice Day“ беше прв сингл на истоимениот албум и втор сингл на албумот „Who Says You Can't Go Home“, кој беше издаде во САД во пролетта 2006 г. Во САД дует верзијата на „Who Says You Can't Go Home“ со кантри пејачката Џенифер Нетлес од бендот „Sugarland“ беше издаден, и во мај 2006 Бон Џови влезе во историјата станувајќи прв Рок & Рол Бенд со #1 хит на табелите на најжешки кантри песни. На 11 февруари 2007 Бон Џови исто така победи на недофатливите Греми награди за „Нјдобра Кантри Соработка со Вокалите“ за синглот „Who Says You Can't Go Home“.

Во јуни 2007, Бон Џови го издаде нивниот последен албум „Lost Highway“. Албумот дебитираше на прво место на билборд табелите, за првпат Бон Џови имаше албум на првото место на Американските табели откако го издаде New Jersey во 1988 г. Благодарение на новата кантри-музика на бендот, албумот беше продаден во 292,000 копии уште во првата недела во Америка, и постана трет албум на Бон Џови кој се најде на прво место во САД.

На 6 април 2009 беше најавено дека на Трибека филмскиот фестивал ќе се прикажи документарецот за Бон Џови наречен „When We Were Beautiful“. Филмот ја прикажува турнејата на бендот со албумот „Lost Highway“ во 2008- та. Филмот е во режија на Фил Грифин.

Соло кариера

уреди
 
Џон Бон Џови

Џон Вон Џови сними соло албум, музика за филмот „Young Guns II“ попознат како „Blaze of Glory“. Издаден во 1990, во албумот се наоѓаа дела и на: Елтон Џон, Алдо Нова, Литл Ричард и Џеф Бек. Албумот беше комерцијален и постигна позитивни оцени и брзо достигна милион продадени копии. Насловната песна „Blaze of Glory“ беше хит број еден на табелата на 100 најдобри и му заработи на Џон номинација за Академска награда за најдобра песна, но не ја доби наградата.[22] Како и да е истата година „Blaze of Glory“ беше наградена со Златен Глобус.

Џон напиша и втор соло албум во 1997 насловен како „Destination Anywhere“. Албумот доби многу позитивни оцени и беше успешен и во Европа. Имаше гласини дека компанијата што го снимила албумот го присилуваше Џон да го крсти „These Days, Part 2“, Краток филм со истиот наслов беше снимен веднаш по издавањето на албумот, целосно заснован на песните од албумот со главни улоги Џон Бон Џови, Деми Мур, Кевин Бекон и Вупи Голдберг. Дејв Стјуарт од „Eurythmics“ гитарист на снимката и исто така продуцент на некои од песните. Таа година Џон Бон Џови заработи „BRIT Награда“ за „Најубав маж“ и исто така доби „MTV Европска музичка Награда за Најдобар маж“.

Глумечка дејност

уреди

Бон Џови беше глумец во филмовите Месечина и Валентино“, „Водач“, „Одредиште Некаде“, „Роден крај“, „Maliot Grad“, „Без Враќање“, „Веслај Го Својот Чамец“, „Vampires Los Muertos“, „U-571“, „Крикот на Волкот“ и „National Lampoon's Pucked“.[23]

Тој исто така има споредна улога во филмот „Прати понатаму“, каде ја игра улогата на бившиот насилен маж на Хелен Хунт.[24] Тој се појави и на некои ТВ серии како што се „Сексот и градот“, „Али Мекбил“, „Западно крило“ и „Лас Вегас“.[25] Тој беше ѕвездата гостин во „Американски Идол“ во мај 2007, за време на прикажувањето на „Рок Недела“ каде што сите натпреварувачи изведуваа негова или песна од неговиот бенд. На 13 октомври 2008 Џон ја водеше третата епизода на 33-та сезона на „Сабота вечер во живо“.

Приватен живот

уреди

За време на престојот во Лос Анџелес за време на турнејата „New Jersey“ во 1989 Бон Џови тајно заминал во Лас Вегас каде што се оженил со својата средношколска љубов Доротеја Роуз Харли на 29 април 1989, на Грејсланд Церемонијалната Капела во Лас Вегас, Невада. Доротеја е карате инструктор. Заедно имаат четири деца. Стефани Роуз, Џеси Џејмс Луис, Јакоб Харли и Џон.[26][27][28] Џон и неговата фамилија живеат во Менхетен и Мидлтаун, Њу Џерси. Имотот од нивната резиденција во Мидлтаун содржи објект кој е претворен во паб со британски стил. Тој го крстил „Shoe Inn“, и ставил потковица бидејќи се чувствувал како да е благословен и се сметал себеси за 'најсреќен човек на светот'.

Во 2004 стана основач и сопственик на „Philadelphia Soul“ од арената за рагби лигата со партнерот и член на бендот Ричи Самбора. Тој се појавил на неколку телевизиски реклами со Џон Елвеј. Бон Џови бил навивач на „New York Giants“ целиот свој живот,[29] исто така имал добра пријателска врска со тренерот на „New England Patriots“, Бил Беличхик.[30]

Пораснал како католик,[31] го искажал своето верување во Господ, во 1993 на едно интервју во Филаделфија изјавил дека верува дека Господ е присутен насекаде и овде покажувајќи на собата околу него. Во 1995 Џон дискутира за пишувањето на албумот "These Days" и дека ќе биде благословен доколку ја употребува фразата: „Фала ти Господе“.

Хуманитарна дејност

уреди

Џон Бон Џови работел во корист на многу хуманитарни групи меѓу кои спаѓаат и: „Special Olympics“, „Американскиот црвен крст“, „педијатријата Елизабет Гледер“, „AIDS фондацијата“, „Живеалиште за бездомници“, „Проект Дом“, „The Philadelphia Soul Charitable фондацијата[32] [33] и други хуманитарни групи.

Дискографија

уреди

Соло албуми

уреди
Година Албум Врвна позиција на листи
САД Канада ОК Австралија Јапонија Шпанија Германија Австрија Швајцарија
1990 Blaze of Glory 3 2 2 4 4 1 4
1997 Destination Anywhere 31 6 2 4 2 1 1 1 1

Компилации

уреди
Година Албум
2001 The Power Station Years: The Unreleased Recordings

Соло синглови

уреди
Година Песна Позиција на листа Албум
САД САД, рок Австралија ОК Швајцарија Австрија
1990 "Blaze of Glory" 1 1 1 13 5 2 Blaze of Glory
"Miracle" 12 8 29 20
1991 "Never Say Die" 60
1992 "Levon" 27 Two Rooms
1994 "Please Come Home for Christmas" 7 A Very Special Christmas 2
1997 "Midnight in Chelsea" 17 4 5 8 Destination Anywhere
"Queen of New Orleans" 40 10 50
"Janie, Don't Take Your Love to Town" 13 40
"Ugly" 41 39
"—" не е објавена песната

Гостински сингл

уреди
Година Песна Пејач Кантри Album
1998 "Bang a Drum" Chris LeDoux 68 One Road Man

Друго

уреди
Година Песна Пејач Албум
2009 "Keep The Faith" Jon Bon Jovi & Washington DC Youth Choir Oh Happy Day[34]

Наводи

уреди
  1. ASCAP news, 25 март 2008.
  2. „CNN.com - Transcripts“. Transcripts.cnn.com. August 16, 2006. Посетено на March 26, 2012.
  3. „Jon Bon Jovi biography (1962–)“. Filmreference.com. Посетено на December 20, 2011.
  4. Jon Bon Jovi remarks Архивирано на 14 август 2007 г. American Music Awards, November 14, 2004. "Есента 1977, бев втора година во средното училиште Св. Јосеф во Њу Џерси."
  5. Bon Jovi pays surprise visit to his old school Архивирано на 15 декември 2009 г. Sentinel, March 23, 2006. "Студентите разговараат со дипломците од Сајервил од 80-та година кои станаа рок-ѕвезди."
  6. „Bon Jovi – The Early Years“. Love It Loud. Архивирано од изворникот на May 1, 2018. Посетено на April 30, 2018.
  7. Moore, Michelle (April 23, 2007). „Jon Bon Jovi a talent through the years“. Room Thirteen. Архивирано од изворникот на 2018-05-01. Посетено на January 19, 2018.
  8. Goldstein, Stan (July 12, 2013). „Asbury Park's Fast Lane, where Springsteen and Bon Jovi played, comes to a dead end“. New Jersey On-Line. Посетено на April 30, 2018.
  9. „Bon Jovi – The Early Years“. Love It Loud. Архивирано од изворникот на May 1, 2018. Посетено на April 30, 2018.
  10. „Jon Bon Jovi Biography“. Biography.com. Посетено на April 30, 2018.
  11. „Bon Jovi Bio“. rollingstone. Архивирано од изворникот на January 24, 2018. Посетено на March 25, 2019.
  12. „Southside Johnny, the Veteran Jersey Boy from the Same Shore as Springsteen and Bon Jovi“. billboard. October 30, 2015.
  13. Goldstein, Stan (July 12, 2013). „Asbury Park's Fast Lane, where Springsteen and Bon Jovi played, comes to a dead end“. New Jersey On-Line. Посетено на April 30, 2018.
  14. TheForce.Net - Jedi Council - Interviews | Meco
  15. Mitchell, Ben (2008-07-01), „The Q Interview - Jon Bon Jovi“, Q, стр. 78–88CS1-одржување: датум и година (link)
  16. L. M. Matin. Jon Bon Jovi: The Sinner and the Saint.: The New Unauthorised Biography. BookBaby, August 20, 2013; Chapter 4.
  17. Grow, Elias Leight,Kory; Leight, Elias; Grow, Kory (April 15, 2018). „Watch Bon Jovi Reunite With Richie Sambora For Rock Hall Performance“. Rolling Stone.
  18. „Bon Jovi to tour Australia again“. PerthNow. June 14, 2018.
  19. „How Bon Jovi Changed the World With 'Slippery When Wet'. The New York Observer. August 18, 2016.
  20. Whitewood, Alan (December 24, 2012). „Bon Jovi Keep the Faith“. Island Pulse. Архивирано од изворникот на December 13, 2013. Посетено на December 31, 2012. Their first notable album was Slippery When Wet, a USA No. 1 that stalled at No. 6 here in 1986. In all that album spawned four hit singles in the UK.
  21. Greenburg, Zack O'Malley. „Jon Bon Jovi's Star Wars Secret“. Forbes.
  22. „Sunday Classics: 'Blaze of Glory' by Jon Bon Jovi“. www.telegraphindia.com (англиски). The Telegraph (India). September 19, 2021. Архивирано од изворникот на September 20, 2021. Посетено на January 27, 2022.
  23. „Jon Bon Jovi“. IMDb. Посетено на April 8, 2020.
  24. „Jon Bon Jovi“. www.songhall.org (англиски). Songwriters Hall of Fame. Архивирано од изворникот на January 24, 2022. Посетено на January 27, 2022.
  25. „Jon Bon Jovi“. TVGuide.com (англиски). Архивирано од изворникот на January 27, 2022. Посетено на January 27, 2022.
  26. „Dorothea Hurley - Singer Jon Bon Jovi's Wife (Bio, Wiki)“. May 31, 2014. Посетено на November 19, 2016.
  27. Alessandrini, Sarah (February 2, 2020). „Jon Bon Jovi's son to attend Syracuse University“. The Daily Orange. Посетено на November 17, 2022.
  28. „Jon Bon Jovi's 4 Children: Everything to Know“. Peoplemag (англиски). Посетено на April 11, 2023.
  29. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-03-17. Посетено на 2009-08-22.
  30. „How Jon Bon Jovi Became a Patriots Superfan“. SI.com (англиски). Посетено на October 13, 2018.
  31. Kaplan, James (March 7, 2007). „PARADE.COM EXCLUSIVE Jon Bon Jovi“. Parade. New York.
  32. „About Us“. Jon Bon Jovi Soul Foundation. Архивирано од изворникот на December 27, 2011. Посетено на December 20, 2011.
  33. Sullivan, Paul (2015-10-30). „Jon Bon Jovi, the Jersey Shore and the Impact Investing Strategy (Published 2015)“. The New York Times (англиски). Посетено на 2023-08-10.
  34. „Jon Bon Jovi, Queen Latifah go gospel for "Day". Reuters. 27 март 2009.

Надворешни врски

уреди