Лас Вегас (ТВ серија)
Лас Вегас е американска драмска серија за тим луѓе кои работат во фиктивното казино Монтесито во Лас Вегас. Тие се справуваат со проблеми во работната средина, како што е сигурноста во казиното. Премиерата на Лас Вегас беше на 22 септември 2003 на NBC. Се емитува во повеќе од 70 земји, а во Македонија се прикажувала на „Сител“.
Лас Вегас | |
---|---|
Податотека:Vegas Title Card.jpg | |
Создадена од | Гери Скот Томпсон |
Улоги | Џош Духамел Ванеса Марсил Џејмс Лежр Моли Симс Том Селек |
Земја на потекло | САД |
Бр. на епизоди | 87 |
Производство | |
Времетраење | 41 минута (по епизода) |
Прикажување | |
Првична мрежа | NBC |
Сликов формат | 480i (SDTV), 1080i (HDTV) |
Првично прикажување | 22 септември 2003 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | nbc.com/Las Vegas/ |
Заднина
уредиЦентар на серијата е Ед Дилејн (Џејмс Кан), строг поранешен ЦИА агент кој прво бил главен во одделот за сигурност на казиното, а станал главен директор на Монтесито. Друг главен лик е поранешниот маринец Дени Мекој (Џош Духамел), кој се смета за десна рака на Ед Дилејн. Тој е главен во одделот за сигурност и негова задача е да истражи сомнителни лица кои влегле во казиното. Други ликови кои работат со Дилејн и Мекој се Мери Конел(Ники Кокс), пријателка од детството на Дени и поранешна свршеница; Сем Маркез (Ванеса Марсил) манипулативна стопанственичка која се смета за најдобра водителка во казиното; ќерката на Ед, Делинда Дилејн (Моли Симс) е менаџерка на ресторанот на Монтесито, Мистик.
Информации за сезоните
уредиЛас Вегас има четири комплетни сезони, од кои три веќе ги има и на ДВД. Обновена е и за петта сезона која ќе почне во септември 2007, но во неа нема повеќе да бидат Џејмс Кан и Ники Кокс. На местото на Џејмс Кан, влегува Том Селек.