Владимир Георгиев
Владимир Миланов Георгиев ( 1928 во Скопје — 16 април 1945 во Врпоље,Хрватска)— македонски партизан, учесник во НОВ.[1]
Владимир Георгиев | ||
Роден | 1928 Скопје | |
---|---|---|
Починал | 16 април 1945 Врпоље, Хрватска |
Животопис
уредиПроизлегува од градско сиромашно семејство. Образованието го прекинал поради окупацијата на земјата. Како младинец на седумнаесетгодишна возраст стапил во редовите на 16та македонска ударна бригада, со која заминал да се бори за конечното ослободување на Македонија. Се покажал како доста примерен и сите поставени задачи секогаш ги извршувал успешно. Поради тоа бил почитуван и сакан не само меѓу соборците, туку и меѓу старешините. Бргу ја совладал техниката за употреба на новото руско оружје. За посветеноста на ослободителното дело и пројавените резултати во извршувањето на поставените задачи, на 1 февруари 1945, година бил примен за член на Комунистичката партија на Југославија.
Учествувал во сите борби на Бригадата на Сремскиот фронт. Храбро загинал во крвавата борба кај Врпоље, Хрватска на 16 април 1945 година.