Паламед (митологија)
(Пренасочено од Паламед)
Паламед (старогрчки: Παλαμήδης) — лик од старогрчката митологија кој бил син на кралот на Евбеја Навплиј и Климена[1] . Тој се смета за изумител на азбуката, цифрите, монетите, вицовите, заровитеитн. Тој е познат по тоа што го принудил на Одисеј да признае дека не е луд, бидејќи претходно тој се преправал бидејќи не сакал да оди да учествува во Тројанската војна, главно поради својот син. Одисеј го мразел Паламед и лажно го обвинил за предавство, за кое Паламед бил каменуван. Навплиј се одмаздил на смртта на неговиот син поставувајќи лажни светла на својот остров Евбеја и поголемиот дел од ахајската морнарица, при враќањето од Тројанската војна, загинале.
Наводи
уреди- ↑ L Schmitz. A Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology, Volume 3. J. Murray, 1873. Посетено на 2015-04-13.