Фуертевентура
Фуертевентура — остров кој се наоѓа во Канарските Острови, во Атлантскиот Океан и е дел од регионот на Северна Африка, политички дел од Шпанија. Со 1,660 квадратни километри, Фуертевентура е втор по големина остров на Канарските Острови, по Тенерифе. Тој бил прогласен за биосферен резерват од УНЕСКО во мај 2009 година. Неговиот главен град е Пуерто дел Росарио.
Фуертевентура | |
Географија | |
---|---|
Место | Атлантски Океан |
Координати | 28°20′N 14°1′W / 28.333° СГШ; 14.017° ЗГД |
Архипелаг | Канарски Острови |
Вкупно острови | 2 |
Поголеми острови | 1 |
Површина | 1.660 км2 |
Највисоко место | 807 м |
Највисока точка | Пико де Хандија |
Држава | |
Автономна заедница | Канарски Острови |
Покраина | Лас Палмас |
Најголема населба | Пуерто дел Росарио (pop. 28,357) |
Демографија | |
Население | 74,983 (2003) |
Густина | 45 /km2 (117 /sq mi) |
Потекло на поимот
уредиТрадиционално, името Фуертевентура се смета име поради силните ветришта околу островот и како резултат на опасност за наутички авантуристи. Меѓутоа, името на островот може да се однесува и на богатство, среќа или судбина.
Во 1339, морепловецот од Мајорка, Анџелино Далорто островот го нарекол „Форте Вентура[1][2][3]
Друга теорија е дека името на островот потекнува од „Fortunatae Insulae“, име со коешто Римјаните ги знаеле Канарските Острови[4]
Домородното име на островот, пред неговото освојување во 15 век, било Ербанија, поделено на два региони (Хандија и Максората), од кое произлегува името „махореро“. Сепак, се претпоставува дека во одреден момент, Максората (што значи „децата на земјата“) бил абориџински топоним на целиот остров[5].
Историја
уредиПредолонијална историја
уредиСе верува дека првите доселеници на Фуертевентура биле од Северна Африка. Зборот Махореро (Majorero) или Maho сè уште се користи денес за да ги опише луѓето од Фуертевентура и е изведен од древниот збор „mahos“, тип на чевли од коза кои ги носат овие староседелци. Тие живееле во пештери, од кои некои биле ископани, откривајќи остатоци од рани алатки и керамика. Во антиката, островот бил познат како Планарија, поради рамнината на најголемиот дел од неговиот терен.
Во 11 век п.н.е., феникиски доселеници се населиле во Фуертевентура и Лансароте.
Неколку шпански и португалски експедиции на островите биле организирани околу 1340 година, по што следеле оние на Маврите и европските трговци со робови. На крајот од освојувањето, островот бил поделен на две кралства. Првото се придржувало кон кралот Гизе, а другиот на кралот Ахозе. Териториите на овие кралства биле наречени Максората (на север) и Хандија (на југ), соодветно. Тие биле одделенени со ѕид. Некои остатоци од ѕидот денес се сочувани. Античкото име за островот, Ербанија, е изведено од името на овој ѕид.
Освојување
уредиОсвојувањето на островот започнало во 1402 година, под команда на француските витези и крстоносци[6]. Тие пристигнале со само 63 морнари од планираните 283. По пристигнувањето и населувањето во Лансароте, напаѓачите направиле некои први испитувања до соседните острови. Во 1404 година, Бетенкур и Гадифер ја основале Бетанкурија, на западниот брег, првата населба на островот. По бројни тешкотии, Гадифер ја презел одговорноста за инвазијата, додека Бетенкур се вратил во Шпанија за да побара признание и поддршка од кастилискиот крал.
Во 1405 година, Бетенкур го завршил своето освојување на островот, формирајќи го својот главен град во Бетанкурија. Во 1424 година, папата Мартин V, ја основал епископијата на Фуертевентура, која ги опфаќала сите Канарски Острови освен за островот Лансароте[7]. Потеклото на оваа епархија е директно поврзано со настаните што се случиле по Големиот раскол (1378-1417), со тоа што епископот Сан Марсија дел Рубикон од Лансароте (во тоа време, единствената епархија на Канарските Острови) не го признал папството на Мартин V, и наместо тоа го поддржувал Бенедикт XIII. Епархијата била сочинета од парохијата Санта Марија де Бетанкурија, која го имала статусот на Голема катедрала. По реапсорпцијата на епархијата Сан Мартиа дел Рубикон од страна на Мартин V, епископатот на Фуертевентура бил укинат во 1431 година, само седум години откако бил создаден[7].
Според првиот попис на населението, на островот живееле околу 1.200 жители. Потоа населението постепено се започнало да се зголемува. Во 1476 територијата стана Señorío Territorial de Fuerteventura, подложен на католичките монарси[8]. Во подоцнежните години, островот бил нападнат од шпански, француски и англиски сили.
Колонијална Фуертевентура
уредиСо текот на времето, островот преживеал бројни пиратски напади. Експедицијата на берберска инвазија во 1593 година придонела да бидат изградени неколку замоци по должината на крајбрежјето, за да се заштитат од вакви напади. Населението било преместено во внатрешноста како втора заштитна мерка. Поради честите напади, првиот капетан генерал бил испратен во Фуертевентура, придружуван од голем број војници, за да го одбранат островот во името на круната. Во тоа време Бетанкурија станал религиозен главен град на островот[9].
Два големи пиратски напади се случиле во 1740 година, во рок од еден месец. Две одделни англиски банди се обиделе да го освојат градот Туинехе. Сепак, овие напади биле успешно спречени од месното население и островската милиција. Ова успешно отфрлање на напаѓачите се прославува секоја година во октомври[10].
Гарнизонот на островот бил официјално поставен во 1708 година. Неговиот полковник ја добил титулата гувернер, и неговата титула била наследна, во семејството Санчес. Со текот на времето, ова семејство сè повеќе добивало моќ над другите острови преку сојузи со други семејства[11]. Во текот на истата година била основана парохија во Ла Олива и Пахара, која започнала да функционира во 1711 година. На 17 декември 1790 година била формирана Парохија на Туинехе.
До денес
уредиВо 1852 година, Изабела II на Канарските Острови ја проширила зоната на слободна трговија. Военото островно правило, кое започнало во 1708 година, конечно било распуштено во 1859 година, а Пуерто де Кабрас (сега Пуерто дел Росарио) станал нов главен град. Калета де Фусте и неговиот замок.
Канарските Острови добиле самоуправа во 1912 година. Во 1927 година, Фуертевентура и Лансарото станале дел од провинцијата Гран Канарија. Седиштето на владата на островот се наоѓа во Пуерто дел Росарио. На островот живееле 74.983 луѓе во 2003 година.
До 1940-тите островот имал аеродром. Масовниот туризам започнал да пристигнува во средината на 1960-тите, олеснет со изградбата на аеродромот Фуертевентура и првите туристички хотели.
Близината на островот (само 100 км) од западноафриканското крајбрежје и фактот дека е дел од територијата на Шенген, ја прават главното одредиште за имигрантите. Сепак, многумина загинале при обидот за пристигнување[12].
Животна средина
уредиГеографија
уредиИздолжениот остров има површина од 1.660 км2. Островот е долг 100 километри и широк 31 километри. Тој е дел од провинцијата Лас Палмас. Островот е поделен во шест општини:
Во овие општини се наоѓаат 100 поединечни населби. Островот во близина, Ислоте де Лобос, е дел од општината Ла Олива.
Фуертевентура се наоѓа на само 100 километри од брегот на Северна Африка, и е втор по големина од островите, по Тенерифе и има најдолги бели песочни плажи во архипелагот. Островот е одредиште за ентузијасти на сонце, на плажа и водни спортови. Лежи на иста широчина како Флорида и Мексико, а температурите ретко паѓаат под 18 °C или се искачуваат над 32 °C. Островот брои 152 одделни плажи долж неговото крајбрежје - 50 километри бел песок и 25 километри црна вулканска шиндра.
Највисоката точка во Фуертевентура е Пико де ла Сарса (807 метри) во југозападниот дел на островот. Географските одлики ги вклучуваат Истмо де ла Паред кој е широк 5 километри и е најтесниот дел од Фуертевентура. Островот е поделен на два дела, северниот дел кој е Максората и југозападниот дел наречен Хандија.
Геологија
уредиФуертевентура е најстариот остров на Канарските Острови и датира од пред 20 милиони години. Поголемиот дел од островот е создаден пред околу 5 милиони години и оттогаш е еродиран со ветер и врнежи. На морското дно надвор од западниот брег на островот лежи огромна плоча од темел долг 22 километри и ширина од 11 километри. Последната вулканска активност во Фуертевентура се случила пред 4.000 и 5.000 години.
Плажи
уредиФуертевентура била избрана меѓу 500 европски одредишта, како една од најатрактивните туристички одредишта за посетители заинтересирани за културно наследство, животната средина и одржливост[13].
Клима
уредиКлимата на Фуертевентура е пријатна во текот на целата година, и самиот остров е познат како „Остров на вечната пролет“. Морето ја регулира температурата на воздухот, пренасочувајќи ги жешките ветришта од Сахара подалеку од островот. Името на островот на македонски се преведува како „големо богатство“ или „силен ветар“. Во текот на зимските месеци, температурите достигнуваат височина од 22 °C (72 °F) и ниско ниво од околу 15 °C (59 °F), додека во текот на летото средната височина од 28 °C (82 °F) и може да се очекува ниско ниво од 20 °C (68 °F). Врнежите се околу 147 мм годишно, од кои повеќето паѓаат во есен и зима. Декември е месец со највисоки врнежи од дожд.
Песочна бура, позната како Калима може да помине низ островот поради пустината Сахара на северозапад и може да предизвика високи температури, ниска видливост и сушење на воздухот. Температурите за време на овој феномен привремено се зголемуваат за околу 10 степени. Ветрот носи убава црвена прашина.
Климатски податоци за Аеродром Фуертевентура , 25 m (1981–2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 28.5 (83.3) |
30.8 (87.4) |
34.0 (93.2) |
38.0 (100.4) |
36.8 (98.2) |
41.6 (106.9) |
43.0 (109.4) |
41.0 (105.8) |
37.9 (100.2) |
36.5 (97.7) |
34.8 (94.6) |
29.5 (85.1) |
43.0 (109.4) |
Прос. висока °C (°F) | 20.6 (69.1) |
21.0 (69.8) |
22.2 (72) |
22.9 (73.2) |
24.1 (75.4) |
25.8 (78.4) |
27.3 (81.1) |
27.8 (82) |
27.5 (81.5) |
26.1 (79) |
24.0 (75.2) |
22.0 (71.6) |
24.3 (75.7) |
Сред. дневна °C (°F) | 17.6 (63.7) |
17.9 (64.2) |
18.9 (66) |
19.5 (67.1) |
20.6 (69.1) |
22.5 (72.5) |
24.0 (75.2) |
24.6 (76.3) |
24.4 (75.9) |
22.9 (73.2) |
20.9 (69.6) |
18.9 (66) |
21.1 (70) |
Прос. ниска °C (°F) | 14.7 (58.5) |
14.8 (58.6) |
15.5 (59.9) |
16.0 (60.8) |
17.1 (62.8) |
19.1 (66.4) |
20.8 (69.4) |
21.5 (70.7) |
21.2 (70.2) |
19.8 (67.6) |
17.7 (63.9) |
15.9 (60.6) |
17.8 (64) |
Најниска забележана °C (°F) | 8.0 (46.4) |
8.0 (46.4) |
8.0 (46.4) |
9.5 (49.1) |
11.6 (52.9) |
13.0 (55.4) |
14.0 (57.2) |
15.0 (59) |
15.0 (59) |
12.0 (53.6) |
10.5 (50.9) |
9.0 (48.2) |
8.0 (46.4) |
Прос. дожд мм (ин) | 14 (0.55) |
16 (0.63) |
12 (0.47) |
5 (0.2) |
1 (0.04) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
2 (0.08) |
8 (0.31) |
13 (0.51) |
26 (1.02) |
97 (3.81) |
Прос. бр. дождливи денови | 2.5 | 2.4 | 1.9 | 1.0 | 0.2 | 0.0 | 0.0 | 0.1 | 0.5 | 1.7 | 2.2 | 3.2 | 15.7 |
Прос. релативна влажност (%) | 68 | 69 | 68 | 65 | 66 | 67 | 69 | 71 | 72 | 73 | 71 | 71 | 69 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 190 | 190 | 233 | 242 | 280 | 285 | 294 | 289 | 246 | 227 | 203 | 186 | 2.836 |
Извор: Државна метеоролошка агенција[14] |
Диви животни
уредиОстровот е дом на едно од двете преживеани популации на загрозениот канарски египетски мршојадец. Исто така е населен со многу диви кучиња и мачки. На неплодно, карпесто земјиште се наоѓаат верверици и гуштери. Фуертевентура, исто така, е дом на неколку птици за миграција и гнездење. На островот има значителни популации на гугутка.
И покрај неговата сурова клима, островот е дом на изненадувачки голема фауна на инсекти. Пеперутки кои најчесто се појавуваат на островот се: Colias hyale и Pontia daplidi, Danaus plexippus и Danaus chrysippus. Песочните дини и крајбрежјето се дом на голем број пчели и оси.
Население
уредиОстровот има население од 74.983 жители[15]. Во текот на својата долга историја, Фуертевентура страдала од опаѓање на населението поради економската ситуација и клима, што го направиле пуст остров. Сепак, развојот на туризмот во текот на 1980-тите години од тогаш го предизвикало населението да расте од година во година, што е двојно повеќе од една деценија.
Во 2005 година, со 86.642 регистрирани жители[16], населението на Фуертевентура е следното:
- родени на островот: 30.364
- родени на друг Канарски Остров: 13.175
- родени на друго место во Шпанија: 20.938
- родени во други земји: 22.165
Споредбата на овие податоци со оние на пописот од 2001 година покажува дека бројот на постојани жители родени на островот е зголемен за само 3.000. Бројот што се преселил од странство на островот се зголемил за 22.910, што го прави најголемиот придонес за порастот на населението во последниве години[17].
Образование
уредиОстровот има 116 училишта[18], со вкупно 14.337 ученици[19]. Од нив, 45 се основни училишта, десет се средни училишта, шест се за студенти со степен баклавар и четири се стручни колеџи[20].
Фуертевентура исто така има центар поврзан со Националниот универзитет за далечинско образование, нудејќи курсеви по многу предмети, како што се економија, деловни студии, право, историја и туризам[21].
Управување
уредиДржавна администрација
уредиФуертевентура е раководен од Островскиот оддел на Владата на Шпанија, кој има ранг на владин под-оддел. Зградата на владата се наоѓа во центарот на главниот град, пред парохиската црква на Богородица, патронот на општината Пуерто дел Росарио.
Оваа институција е задолжена за претставување на шпанската влада на островот и управување со сите функции кои не се под контрола на канарската влада и ги вклучува следните јавни услуги:
- Островски безбедносни сили
- Пристаништето Пуерто дел Росарио и аеродромот Фуертевентура
- Даночна агенција
- Царина
- Поморскиот и крајбрежниот оддел
- Возачки дозволи, сообраќај и автопати
- Имиграција
- Социјално осигурување
- Црвен крст
- Seprona (служба за заштита на природата)
- Пасоши
Островски совет на Фуертевентура (Кабилдо)
уредиСоветите, формирани како дел од Законот за совети од 1912 година, управуваат со Канарските Острови и имаат две главни функции. Од една страна, тие вршат услуги за Автономната заедница, а од друга страна, тие се центар на локалната самоуправа за островот. На изборите во 2003 година, Марио Кабрера Гонсалес бил избран за претседател кој ја претставува Канарската коалиција, со 31,02% од гласовите, по што следела Шпанската Социјалистичка работничка партија со 27,53%, претставена од потпретседателот Доминго Фуентес Курбело.
Општини
уредиОстровот е поделен на шест општини со нивните градски совети кои се дел од Федерацијата на канарските општини. Тие се регулирани со основното законодавство на локалниот режим и нивните соодветни органски правила. Населението на општините е следното, според податоци од 2009 година:
- Антигва (10,371)
- Бетанкурија (680)
- Ла Олива (21.996)
- Пахара (20,821)
- Пуерто дел Росарио (35,667)
- Туинехе (13.632)
Овие општини се организирани во две здруженија: Mancomunidad de Municipios del Centro-Norte de Fuerteventura , а останатите општини го сочинуваат Mancomunidad de Municipios del Centro-Sur de Fuerteventura[22].
Економија
уредиЕкономијата на Фуертевентура главно се заснова на туризмот. Примарните туристички места се сместени околу постојните градови Коралехо на север и Пахара, како и Калета де Фусте, јужно од Пуерто дел Росарио. Други главни индустрии се риболов и земјоделство (житарици и зеленчук). Познато сирење од регионот е махореро.
Во 2009 година, Фуертевентура забележа највисока стапка на невработеност во ЕУ, со 29,2%[23].
Туризам
уредиПрвиот туристички хотел бил изграден во 1965 година, по што следела изградбата на аеродромот Фуертевентура во Ел Маторал, најавувајќи ја зората на новата ера за островот. Фуертевентура, со своите 3.000 часови со сонце годишно, е цврсто поставен на светската сцена како главно одредиште за одмор во Европа[24]. Бидејќи има целосно развиени туристички капацитети и природна убавина, островот дополнително ги импресионира посетителите.
Поради својата клима, островот е рај за сурфање во текот на целата година, со повеќе изложени области на северните и западните брегови, како што се Коралехо и Ел Котило, кои се најпопуларни. Сурфањето се случува на локации околу островот. Морнарите, нуркачите и големите риболовци се привлечени кон овие чисти сини атлантски води каде што китови, делфини и желки се вообичаени знаменитости[25].
Одличните песочни плажи се наоѓаат на многу локации. Западните плажи, како што се оние околу Ел Котило, се истѕо така идеално место за сурфање. Плажите кои се граничат со обемните песочни дини источно од Коралео се популарни, како и заштитените обемни песочни брегови на Плаха де Сотавенто де Хандија на југоисточниот брег помеѓу Коста Калма и Хандија.
Култура
уредиТрадиционални празници
уредиКако и остатокот на Канарските Острови, карневалот традиционално е еден од најголемите фестивали што се слави на островот. Се слави на различни начини во сите градови во текот на февруари и март. Секоја година овие свечености имаат поинаква тема. Тие вклучуваат активности како што се паради на пример.
Концерти и фестивали
уредиВо салите се одржуваат многу концерти и фестивали, како што е Фестивалот на канарската музика. Тие се одржуваат и на помали локации низ островот.
- Лебранчо Рок: во 2004 година, Градското собрание на Пуерто дел Росарио ја започна оваа иницијатива за сè поголемиот број локални групи
- Фуертемусика: овој фестивал има за цел да ги охрабри локалните или новите групи. Започнал да се одржува од 2004 година и е главно наменет за групи кои се веќе познати во музичкиот свет. Се одржува во Ел Котило.
- Во општината Бетанкурија (поточно во селото Вега де Рио Палмас) секоја година се одржуваат прославите во чест на Богородица, светец-заштитник на островот Фуертевентура. Празникот се празнува на третата сабота од септември.
- Фестивалот Интернационал де Кометас се одржува на втората недела од ноември секоја година, на плажите Коралео[26].
Аудиториуми
уредиФуертевентура има три аудиториуми. Тие се користат за сите видови изведувачки уметности. Тие исто така се користат за не-уметнички цели, како што се конференции или политички состаноци.
- Островски аудиториум на Фуертевентура
- Гран Тарахал
- Аудиториум Корилехо
Централна библиотека
уредиЦентралната библиотека на островот се наоѓа во центарот на Антигва, на државниот универзитет. Покрај обезбедувањето на традиционалните библиотекарни услуги, има и повеќенаменска просторија со 180 места, клима уред, Wi-Fi зона и мултимедијална просторија која се користи за семинари, презентации, филмски фестивали итн.
Спорт
уредиМногу спортови најчесто се играат во Фуертевентура, како на отворено, така и во спортски центри низ островот. Борењето се одвива во песок наречен тереро. Внатре, двајцата натпреварувачи се обидуваат да се борат меѓусебно. Островот, исто така, има училишна борбена лига организирана од Советот и програма за промовирање на овој спорт во клубовите. Во овој натпревар учествуваат дванаесет училишта за борење.
Хуего дел Пало е канарска боречка вештина која буквално се преведува како игра со стап. Учествуваат двајца играчи, вооружени со стапови. Тие имаат за цел да се поразат меѓу себе, без контакт со телото на противникот. Потеклото на оваа игра е нејасно.
Спортовите на вода се многу популарни, главно поради морето и климатските услови. Најпопуларни спортови се традиционалното сурфање, сурфање на ветер итн.. Островот има многу училишта кои даваат курсеви на овие спортови. Училиштата за нуркање се подеднакво чести како оние за сурфање, насекаде низ брегот на Фуертевентура. За разлика од другите острови на архипелагот, Фуертевентура има терен до 30 километри, што го прави идеално место за вежбање на овој спорт.Двете најкорисни точки за нуркање се крајбрежјето од Плаха дел Маторал на југ, како и зоната меѓу островот Лобос и Коралехо на север.
На островот има многу базени, но најочигледното место за пливање е на отворено море. Постои годишен натпревар во пливање кој се одржува секоја година од 1999 година. Настанот привлекува аматерски пливачи од цела Шпанија, како и професионални пливачи од светот. Островот исто така организира и натпревари кои вклучуваат различни видови на пловење со брод.
Наводи
уреди- ↑ Toponimia sorpresiva. Fuerteventura.
- ↑ „History of Fuerteventura“. Посетено на 9 August 2016.
- ↑ „Storia di Fuerteventura“. Посетено на 9 August 2016.
- ↑ Una a una, el origen del nombre de las islas Canarias
- ↑ „Nombre indígena de Fuerteventura“. Архивирано од изворникот на 21 October 2013. Посетено на 21 October 2013.
- ↑ „Fuerteventura History - The Conquest of Fuerteventura“. Fuerteventura.com. Архивирано од изворникот на 2012-02-02. Посетено на 2013-03-12.
- ↑ 7,0 7,1 El Cisma de Occidente y el Obispado de Fuerteventura
- ↑ Se reconoce al conquistador su dominio sobre la isla. Fuente: Ayuntamiento de Tuineje.
- ↑ The principal economic motor of the epoch was orchilla, cereal and cattle. Source: Tuineje council.
- ↑ „Gran Tarajal“. Fuerteventura Guide. Посетено на 26 July 2017.
- ↑ El marqués de Vallehermoso intenta que la población se ponga a favor del poder de la corona frente al señorío. Source: La Oliva council
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-03-08. Посетено на 2018-12-13.
- ↑ „Fuerteventura as sustainable tourism destination“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-09-18. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Valores climatológicos normales. Fuerteventura Aeropuerto“.
- ↑ „Instituto Nacional de Estadística“. Архивирано од изворникот на 29 септември 2015.
- ↑ „Instituto Nacional de Estadística“. Архивирано од изворникот на 16 ноември 2014.
- ↑ The total population in 2001 was 60,273 inhabitants. Source: Instituto Canario de Estadística (ISTAC)
- ↑ 2003-2004 data. Only two of the centres are private. Source: Instituto Canario de Estadística (ISTAC)
- ↑ 2003-2004 data. Puerto del Rosario has 6,468 alumni of Enseñanzas de Régimen General. Tuineje is the second largest with 2,647 Source: Instituto Canario de Estadística (ISTAC)
- ↑ 2003-2004 data. Most of these centres are in Puerto del Rosario. At the other extreme, Betancuria only has 3 infant schools and 3 primary schools. Source: Instituto Canario de Estadística (ISTAC)
- ↑ The centre is directed by Esteban Rodríguez Pérez. Архивирано на 26 април 2012 г. Source: Universidad Nacional de Educación a Distancia (UNED)
- ↑ associations provinces of Las Palmas.[мртва врска] Source: Ministerio de Administraciones Públicas
- ↑ Eurostat. „Main Tables“. Архивирано од изворникот на 20 June 2014. Посетено на 2014-03-12.
- ↑ Sarah Andrews, Josephine Quintero (2007). Canary Islands, 4th edition. Canary Islands. Lonely Planet.
- ↑ Noel Rochford (2007). Landscapes of Fuerteventura, A Countryside Guide, 4th edition. Landscapes of Fuerteventura, A Countryside Guide. Sunflower Books.
- ↑ „'XXIX Festival Internacional de Cometas 2016'“. Ayuntamiento de La Oliva. Архивирано од изворникот на 2014-11-07. Посетено на 2016-03-03.
Надворешни врски
уредиВикипатување има туристички водич за Fuerteventura. |
„Fuerteventura“ на Ризницата ? |
- Fuerteventura Tourism Board Архивирано на 21 октомври 2017 г.
- . Нова меѓународна енциклопедија. 1905.
- „Fuerte Ventura (англиски)“. Encyclopedia Americana. 1920.