Пловно знаме (трговско знаме или граѓанска енсигнија) е државно знаме на една земја што се истакнува на цивилни пловила (трговски и приватни, наспроти воени) за да се означи земјата. Разни земји имаат едно државно знаме за на компно, цивилен павилјон (енсигнија) за невоена пловидба и морнаричко знаме за воената морнарица. Понекогаш двете или сите три се исти.
Првично не постоеле разлики помеѓу знамињата што се истакнувале на државните бродови (воена морнарица) од оние на приватните невооружени бродови (како на пр. трговска морнарица). Денес многу земји како Франција, САД и Република Македонија[1] и понатаму употребуваат на едно знаме за сите намени.
Во други земји се прави разлика помеѓу копнени, пловни и морнарички (воени) знамиња. Најсложен систем има Велика Британија: државното знаме (Union Jack) се користи на копно, „Црвениот павилјон“ (Red Ensign) за трговски бродови и „Белиот павилјон“ (White Ensign) за кралската воена морнарица.
Земји со посебни пловни знамиња
уреди
Пловните знамиња што се разликуваат од „општото“ државно знаме можат да се поделат на неколку категории.
Црвени павилјони по британски пример
уреди
Ова се црвени знамиња што, во највеќето случаи, го содржат британското знаме во кантонот, а се засновани на британскиот Црвен павилјон. Британските прекуморски територии истакнуваат или прост Црвен павилјон, или Црвен павилјон со нивниот колонијален грб во слободниот дел.
Пловни знамиња што значајно се разликуваат од државните
уреди
Неколку земји имаат пловни знамиња што се разликуваат во голема мера од државните. Такви примери се Малта и Луксембург.
Пловни знамиња што се состојат од државното знаме и дополнителен амблем
уреди
Добро познати примери за вакви знамиња се италијанското пловно знаме, каде е прикажан штит со грбовите на поморските републики и поморското знаме на Полска, каде фигурира и државниот грб. Главна причина за овие додатоци е разликување на пловните знамиња од знамињата на други држави.
Упростени државни знамиња
уреди
Неколку земји (Шпанија, хиспаноамериканските земји и некои европски земји) имаат две главни варијанти на знамето: попросто (обично со ленти) и посложено каде фигурира и државниот грб. Попростата варијанта е пловно знаме (во највеќето случаи и граѓанско), додека посложеното го користат управните органи, валдата и војската. Во Шпанија и Аргентина знамето без грб е варијанта исклучиво за граѓанска употреба, а како пловно знаме се користи државното.[7] Пловното знаме на Ел Салвадор се разликува од државното и во сразмер.
Пловни знамиња што се разликуваат од државните во сразмерот
уреди
Неколку поранешни британски колонии имаат пловни знамиња кои се исти со државните, но во сразмер 1:2 наместо 3:5. Словенија, Хрватска и Унгарија се обратен случај, каде пловните знамиња им се со сразмер 2:3 наспроти државните со 1:2. Франција е посебен случај: општиот сразмер е ист, но лентите на знамето се разликуваат во широчина.