Знаме на Шри Ланка

Знамето на Шри Ланка е националното знаме на Шри Ланка. Ова знаме се состои од златен лав на темноцрвена боја со меч во рака. До овој квадрат има две вертикални ленти во портокалова и зелена боја. Околу овие три ленти има жолта гранична лента. Ова знаме било усвоено во 1950 година по препорака на првиот премиер на Шри Ланка.


Знаме на Шри Ланка
}}
Употреба граѓанско, државно и пловно знаме вексиколошки опис
Сразмер 1:2
Усвоено 22 мај 1972
Опис Жолта гранична лента во која се наоѓаат црвен квадрат и две вертикални ленти во портокалова и зелена боја. На црвената лента има лав.
Знаме на Цејлон од 1951 и 1972
Знаме на Цејлон 1948-1951
Знаме на Британски Цејлон, 1815 - 1948

Симболизам уреди

Знамето на Шри Ланка ја претставува државата и нејзиното богатство. Симболизамот на елементите на знамето се:

Елемент Симболизам
Лавот Синхалезискиот народ
Листовите бо Будизам и влијанието на будизмот врз нацијата. Исто така означуваат: добрина, пријателство, среќа и смиреноста.
Мечот на лавот Независноста на нацијата
Витканата коса на лавот Религиозност, мудрост и медитација
Брадата на лавот Чистотата на зборовите
Рачката на мечот Елементите: вода, оган, воздух и земја
Носот на лавпт Интелигенција
Предните шепи на лавот Чистотата при ракување со богатство.
Портокалова вертикална лента Тамилскиот народ
Зелена вертикална лента Исламот во Шри Ланка и Морците
Жолтата граница Останатите ентитети кои живеат во Шри Ланка
Основата Останати религиозни групи и етнички заедници


Поврзано уреди


Наводи уреди

Надворешни врски уреди