Државен грб
Државeн грб e официјален грб на некоја држава, кој како таков е пропишан со устав, обично во првите членови, паралелно со пропишувањето на државното знаме. Државниот грб може да има неколку варијации, т.е. може да биде голем, среден и мал, во зависност од местото и приликите. Изгледот на државниот грб може да биде одреден и со закон кој би ја разработил уставната одредба. Под зборот државен грв не се подразбира само грб во буквалната смисла на зборот, туку може да биде и амблем или печат. Државите што немаат грб се ретки. Најпозната меѓу нив е Франција, чиј грб е неформален.
Државно знаме / Државен грб |
Список на државни знамиња | Список на државни грбови |