Знаме на Фолкландските Острови

Знамето на Фолкландските Острови е усвоено на 29 септември, 1948. Знамето се состои од темносина основа на чија десна страна се наоѓа грбот на Фолкландските Острови, а во горниот лев агол знамето на Обединетото Кралство.

Знамето на Фолкландските Острови

За време на Фолкландската војна, кога Аргентина го окупирала островот, знамето било забрането и во официјална употреба било знамето на Аргентина.

Поврзано уреди