Знаме на Аргентина
Знамето на Аргентина потекнува од 1812 година.[1] Се состои од три хоризонтални ленти. Во средината се наоѓа бела лента, додека горната и долната се светлосини по боја. Во 1818 година во средниот дел е додадено сонце, кое има за цел да го симболизира мајското сонце Инти. Знамето со сонцето се вика „Официјално знаме за прослави“ (на шпански Bandera Oficial de Ceremonia). Додека знамето без сонце се вика орнаментално (украсно) знаме (шпански Bandera de Ornato)- и не се користи како официјално. Иако двете знамиња се сметаат за национални знамиња на оваа земја, украсната верзија секогаш се наоѓа под официјалната.
Наводи
уреди- ↑ La Primera Bandera y su destino Архивирано на 2 април 2010 г. (шпански)