Знаме на Боливија
Знамето на Боливија било официјално усвоено во 1851 година. Државното знаме е составено од три хоризонтални единкави полиња во црвена, жолта и зелена боја со националниот грб во средината. Најчесто се тврди дека црвената боја ја претставува храброста на боливиските војници, зелената ја претставува плодноста, додека жолтата ги претставува минералните ресурси на државата.[1]
Употреба | граѓанско и пловно знаме |
---|---|
Усвоено | 1851 |
Опис | Три хоризонтални ленти во црвена, жолта и зелена боја со воен симбол во средина. |
Варијанта на знамето на Боливија | |
Употреба | државно и пловно знаме |
Сразмер | 15:22 |
Опис | Три хоризонтални ленти во црвена, жолта и зелена боја со државниот грб во средина. |
Варијанта на знамето на Боливија | |
Употреба | воено и морнаричко знаме |
Сразмер | 15:22 |
Варијанта на знамето на Боливија | |
Употреба | морнаричко знаме |
Сразмер | 2:3 |
Опис | Сино знаме со знамето на Боливија во горниот лев агол опколено со мали и една голема златна ѕвезда. |
Според новиот устав на Боливија, Киласују е националниот симбол на Боливија, заедно со химната, знамето, грбот и цвеќињата кантуа и патуху.[2].
Иако Боливија нема излез на море, сепак државата има и знаме на морнарицата кое се користи за бродови кои пловат во езера и реки. Знамето е составено од сина подлога со знамето на државата во горниот лев агол опколено со девет помали жолти петокраки и со една поголема во средината на сината подлога. Деветте ѕвезди ги означуваат департманите на Боливија, додека големата го означува правото на Боливија за излез на море. До 1884 година, Боливија имала излез на Тихи Океан.
Останати знамиња
уреди-
Киласују знаме, национален симбол на Боливија.
Историски знамиња
уредиНаводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-02-15. Посетено на 2010-06-07.
- ↑ „Constitution of Bolivia“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-05-21. Посетено на 2009-05-21.