Знаме на Гана
Знамето на Гана е официјалното знаме на оваа африканска држава. Знамето било дизајнирано од Теодосија Окох и ова знаме го заменило знамето на Велика Британија кое се веело до 1957 година. Новото знаме на Гана се веело до 1959, потоа не се користело сè до 1966 кога повторно се завеало. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во црвена, жолта и зелена боја со црна голема ѕвезда во средината на знамето. Боите се пан-африкански и ова е првото државно знаме по знамето на Етиопија кое ги носи овие бои. Црвената боја ја симболизира крвта на борците за независност на земјата, жолтата боја ги симболизира природните богатства, зелената боја ги симболизира шумите и црната петокрака ја претставува африканската слобода.
Употреба | државно и управно пловно знаме |
---|---|
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 1957(повторно усвоено во 1966) |
Опис | три хоризонтални ленти со ѕвезда во средина |
Творец | Теодосија Окох |
Варијанта на знамето на Гана | |
Употреба | пловно знаме |
Сразмер | 2:3 |
Опис | црвена позадина со знамето на Гана во кантон со црна граница |
Останати знамиња уреди
-
Морнаричка инсигнија на Гана.
-
Воздухопловна инсигнија на Гана.
-
Граѓанска воздухопловна инсигнија.
-
Знаме на Унија на Африкански Држави (1959-1962)
Надворешни врски уреди
Оваа статија Гана е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |