Знаме на Саудиска Арабија

Знамето на Саудиска Арабија (арапски: علم المملكة العربية السعودية) е националното знаме на Саудиска Арабија и го користи владата на државата од 15 март 1973. Тоа е зелено знаме со арапски натпис и со меч под натписот. Натписот е напишан на тулут писмо и го означува исламското изјаснување на верата.

Државно и воено знаме. Flag ratio: 2:3
لا إله إلا الله محمد رسول الله
lā ’ilāha ’illa-llāh muḥammadun rasūlu-llāh
"Нема друг Господ освен Алах. Мухамед е гласникот на Алах."

Мечот ја симболизира правдата.

Употреба

уреди
 
Знамето на Саудиска Арабија не се чува никогаш на пола копје.

Поради пораката која е напишана на самото знаме, тоа никогаш не се прикажува на маици или слични предмети. Исто така Саудиска Арабија не дозволила да се претстави знамето на топката за време на светското првенство во фудбал во 2002. Покрај тоа, знамето на Саудиска Арабија никогаш не се чува на пола копје, дури не и за време на жалост.

Историја

уреди

Зеленото знаме со пораката се претпоставува дека е поврзано со движењето Салафи во XVIII век. Ова движење е тесно поврзано со растот на моќта на фамилијата Сауди и со прогласувањето на Абдулазиз бид Абдулрахман Ал-Сауд за крал во 1902. Тој го додал мечот на знамето.

Минати знамиња

уреди

Други знамиња

уреди

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди