Отвори го главното мени

Томас Едуардо Ринкон Ернандес (роден на 13 јануари 1988 година во Сан Кристобал) е венецуелски фудбалер, играч од средниот ред на Торино и на венецуелската репрезентација. Во моментов тој е капитен на својата земја.

Венецуела Томас Ринкон
Tomás Rincón - Genoa.JPG
Лични податоци
Роден на 13 јануари 1988 (1988-01-13) (31 г.)
Роден во Сан Кристобал, Венецуела
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Торино Торино
Број 88
Младинска кариера
Маракаибо УА Маракаибо
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007-2008 Самора Самора 33 (1)
2008-2009 Депортиво Тачира Депортиво Тачира 18 (0)
2009-2014 Хамбургер Хамбургер 106 (0)
2014-2017 Џенова Џенова 78 (4)
2017 Јувентус Јувентус 13 (0)
2017- Торино Торино 36 (1)
Репрезентација
2006-2007 Венецуела Вененцуела 20 6 (3)
2008- Венецуела Венецуела 82 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Неговиот прекар е El General (во превод Генералот).[1]

Технички карактеристикиУреди

Ринкон е дефанзивен играч од средниот ред кој може да игра и десно во среден ред со три играчи а во екстремни случаи, и како десен бек.[2] Специјалист е за антиципирање на противниците и има добра контрола на топката, исто така може да се справи и во ситуации кога ќе остане сам на средината на теренот. Има моќен удар од далечина, а исто така, тој знае да стане многу опасен и во нападот, каде што често успева со дриблинг да се ослободи од противниците и е вешт во обезбедување на асистенции за неговите соиграчи.

Клупска кариераУреди

Ринкон ја започнал својата кариера во екипата на УА Маракаибо, меѓутоа своето деби како професионалец го направил во екипата на Самора во 2007 година, играјќи 33 натпревари во венецуелското првенство на кој постигнал еден гол. Во јули 2008 година, Ринкон и се приклучил на екипата на Депортиво Тачира и потпишал договор со клубот до 2010 година.

Во јануари 2009 година на возраст од 22 години Ринкон го имал своето прво искуство надвор од неговата родна Венецуела, преку Атлантикот во Европа, потпишувајќи договор со екипата на Хамбургер од Германија за позајмица до декември 2010. Својот прв натпревар за клубот го имал на 4 март 2009 против Веен во Купот на Германија. Своето деби во Бундеслигата го имал на 4 април 2009, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Џонатан Питроипа во 87-мата минута при победата на домашен терен над Хофенхајм со 1-0. Иако тоа бил неговиот единствен настап во лигата за сезоната 2009-2010, во следната сезона неговите настапи станале побројни и во декември 2010 Хамбургер го откупил неговиот договор од Депортиво Тачира, потпишувајќи перманентен договор со Ринкон во трајност до јуни 2014. Ринкон поминал пет сезони во дресот на Хамбургер и одиграл преку 100 натпревари Бундеслигата.

На 31 јули 2014 бил официјализиран преминот на Ринкон во италијанската Џенова,[3] во која дошол како слободен играч по истекот на неговиот договор со Хамбургер на почетокот на летото истата година.[4] На 24 август 2014 го одиграл својот прв официјален натпревар за грифоните, во победата на гости против Виртус Ланчано во Купот на Италија. Во Серија А дебитирал на 31 август, во првото коло од шампионатот против Наполи. Својот прв гол за клубот го постигнал на 22 ноември 2015 во победата на домашен терен над Сасуоло со 2-1, со прекрасен удар надвор од шеснаесетникот.[5]

Вкупно за Џенова одиграл 82 натпрвари и постигнал 3 гола за две ипол години поминати во клубот.

На 3 јануари 2017 Јувентус го купил венецуелецот за 8 милиони евра плус можност за уште 1 милион доплата во зависност од неговите спортски достигнувања во дресот на Старата дама.[6][7] Ринкон потпишал три ипол годишен договор станувајќи првиот венецуелски играч во историјата на клубот и избрал да го носи дресот со број 28. Своето деби во дресот бјанконеро го направил на 8 јануари 2017 во победата на домашен терен над Болоња со 3-0, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Сами Хедира во 81-вата минута од натпреварот. На 14 март 2017, Ринкон го направил својот деби настап во Лигата на шампионите во неговата кариера, влегувајќи како замена на местото на Пауло Дибала во победата со 1-0 на домашен терен против Порто, во реваншот од осминафиналето.[8] На 17 мај 2017, го освоил трофејот во Купот на Италија, играјќи како стартер во финалето против Лацио кое Јувентус го добил со 2-0.[9][10] Четири дена подоцна, го освоил своето прво скудето во кариерата.

На 11 август 2017, Ринкон бил позајмен на Торино за 3 милиони евра со опција за постојан трансфер за плус 6 милиони евра.[11]

Репрезентативна кариераУреди

Ринкон учествувал на Јужноамериканскиот шампионат за играчи под 20 години во Парагвај во 2007. Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 3 февруари 2008 во Матурин во победата со 1-0 во пријателски натпревар против Хаити.

Селектор на венецуелската репрезентација Сесар Фаријас го ставил на списокот на репрезентацијата за настап на Копа Америка 2011. За време на турнирот, тој не постигнал ниту еден голови, но бил еден од најдобрите играчи на Венецуела на шампионатот помагајќи и на својата репрезентација да го освои 4-то место на шампионатот. Подоцна тој бил избран за најдобар играч на турнирот од страна на Адидас.

Ринкон исто така учествувал со својата репрезентација и на Копа Америка 2015 и Копа Америка Сентенарио.

Клупска статистикаУреди

Статистиката е ажурирана на 5 јануари 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2007-2008   Самора ПД 33 1 КВ 2 2 КС 3 0 - - - 38 3
2008-2009   Деп. Тачира ПД 18 0 КВ 0 0 - - - - - - 18 0
2009   Хамбургер БЛ 1 0 КГ 1 0 КУ 2 0 - - - 4 0
2009-2010 БЛ 17 0 КГ 0 0 ЛЕ 2[12]+9 0[12]+0 - - - 28 0
2010-2011 БЛ 19 0 КГ 2 0 - - - - - - 21 0
2011-2012 БЛ 27 0 КГ 2 0 - - - - - - 29 0
2012-2013 БЛ 20 0 КГ 0 0 - - - - - - 20 0
2013-2014 БЛ 22+2[13] 0+0[13] КГ 2 0 - - - - - - 26 0
Вкупно Хамбургер 106+2 0 7 0 13 0 - - - 128 0
2014-2015   Џенова А 29 0 КИ 2 0 - - - - - - 31 0
2015-2016 A 33 3 КИ 1 0 - - - - - - 34 3
2016-јан. 2017 А 16 0 КИ 1 0 - - - - - - 17 0
Вкупно Џенова 78 3 4 0 - - - - - 82 3
јан.-јун. 2017   Јувентус А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 0 0
2017-2018   Торино А 5 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 0 0
Вкупно во кариерата 242 4 13 2 16 0 - - - 271 6

ТитулиУреди

НаводиУреди

  1. pianetagenoa1893.net, уред. (30 luglio 2014). „Tomás Rincón, un angolo di felicità per il Genoa“. конс. 29 agosto 2014. 
  2. „Chi è Tomas Rincon?“. 29 luglio 2014. конс. 31 luglio 2014. 
  3. genoacfc.it (уред.). „COLPO GENOA, IL NAZIONALE RINCON“. конс. 31 luglio 2014.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  4. gazzetta.it, уред. (29 luglio 2014). „Genoa, Rincon fa le visite mediche“. конс. 12 agosto 2014. 
  5. Rincon first goal in Italian football dailymotion
  6. juventus.com (уред.). „Rincon è bianconero!“. конс. 3 gennaio 2017.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  7. Juventus sign Tomas Rincon from Genoa goal.com
  8. Antonio Parrotto (14 March 2017). „Rigorosamente Dybala: 1-0 al Porto e Juventus ai quarti di finale di Champions League“ (Italian). 90min.com. конс. 15 March 2017. 
  9. Salvatore Ciotta. „Juventus-Lazio, le formazioni ufficiali. Rincon dal 1′“. конс. 18 maggio 2017.  Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош);
  10. Marco Fallisi. „Coppa Italia, Juve-Lazio 2-0: gol di Dani Alves e Bonucci, storico tris bianconero“. конс. 18 maggio 2017.  Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош);
  11. „Official: Torino sign Rincon“. Football Italia. 11 August 2017. 
  12. 12,0 12,1 Play-off.
  13. 13,0 13,1 Плејаут.

Надворешни врскиУреди