Македонска абецедарска азбука
Македонска абецедарска азбука или азбука користена во Абецедарот — латинична азбука што се користела во Егејска Македонија за образовни цели на македонското население.[1] Азбуката е користена во Абецедарот, учебник на македонски јазик издаден во Атина во 1925, и повторно печатен во 2006 година но на македонска кирилична азбука. Азбуката е создадена врз основа на битолско-леринскиот дијалект и фонетскиот систем на тој дијалект. Азбуката има две букви што ги нема во македонскиот литературен јазик: Î и Ü.
Македонска фонетика и фонологија |
---|
Гласови
Писмо
Поврзано
|
Азбука
уредиАбецедарска азбука | ||||||||||||||||||||||||||||||
A | B | C | Č | D | E | F | G | H | I | Î | J | K | L | M | N | O | P | R | S | Š | T | U | Ü[2] | V | Z | Ž | DZ | DŽ | ||
Современа азбука | ||||||||||||||||||||||||||||||
А | Б | Ц | Ч | Д | Е | Ф | Г | Х | И | ’ | Ј | К | Л | М | Н | О | П | Р | С | Ш | Т | У | нема | В | З | Ж | Ѕ | Џ |
Покрај основната азбука, во букварот се изучувале и неколку диграфи како што се:
- ја /ја/, је /је/, јо /јо/, kja /ќа/, lja /ља/, nja /ња/, kjo /ќо/, ljo /љо/, njo /њо/, gja /ѓа/, gjo /ѓо/, ae /ае/, ei /еи или ој/, oi /ои или ој/.
Наводи
уреди- ↑ 5 Мај – Ден на македонската азбука (5ти Мај 2020) од Нова Македонија
- ↑ германско Ü.