Кутмичевица
Кутмичевица — историска област во Југоисточна Европа.
Точните граници на областа не се определени, но според историските записи во Кутмичевица влегувале областите околу Охридското и Преспанското Езеро и територијата на запад од нив до Јадранското Море во денешна јужна Албанија.
Според некои научници, на исток границите на областа достигнувале до реката Вардар.
Во периодот од IX-XI век областа Кутмичевица се наоѓа во границите на Првото Бугарско Царство.[1]
Околу 886 година, бугарскиот кнез Борис I го испраќа Климент Охридски во областа како учител и проповедник со специјални привилегии и го назначува Домет за нејзин управител.
Наводи
уреди- ↑ Obolensky, Dimitri. Six Byzantine Portraits. Oxford, Oxford University Press, 1988.