Список на епизоди од Очајни домаќинки
список на статии на Викимедија
Ова е список на епизоди од серијата Очајни домаќинки, која во Македонија се емитува на А1 телевизија. Датите на емитување на епизодите се од А1 телевизија.
Краток преглед
уредиСезона | Епизоди | Емитување во САД | Дата на ДВД издание | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Регион 1 | Дискови | Регион 2 | Дискови | Гледачи (просек)[1] | Рејтинг | ||||
1 | 23 | 2004 - 2005 | 20 септември 2005 | 6 | 10 октомври 2005 | 6 | 24.13[2] | 10.4[3] | |
2 | 24 | 2005 - 2006 | 29 август 2006 | 6 | 13 ноември 2007 | 7 | 23.99[4] | 9.3[5] | |
3 | 23 | 2006 - 2007 | 4 септември 2007 | 6 | 5 ноември 2007 | 6 | 19.18[6] | 6.9[7] | |
4 | 17 | 2007 - 2008 | 2 септември 2008 | 5 | / | / | 17.83[8] | 7.0[9] | |
5 | 24 | 2008 - 2009 | / 2009 | / | / | / | 14.80[10] | 5.3[11] | |
6 | 23 | 2009 - 2010 | 2009 | / | / | / | 12.82[12] | 4.8[13] | |
7 | 23 | 2010 - 2011 | 2010 | / | / | / | 11.17[14] | 3.8[15] | |
8 | 23 | 2011 - 2012 | 2011 | / | / | / | 8.76[16] | 3.6[17] |
Прва сезона: 2004 - 2005
уреди# | Наслов | Сценарио | Режија | Дата на емитување Гледачи[18] |
---|---|---|---|---|
1-01 (1) | „Pilot“ „Пилот“ | Чарлс МекДугал | Марк Черо | 2 октомври 2005 21.64[19] |
Серијата почнува со навидум мирниот живот на Мери Алис Јанг. Таа ја напушта совршената куќа, не можејќи да го поднесе здодевниот живот се самоубива. Преку нејзината сторија ќе се запознаеме што ја натерало на ваков чекор и каков бил животот на петте домаќинки, кои живеат во најлуксузното предградие Вистерија Лејн во Лос Анџелес. | ||||
1-02 (2) | „Ah, But Underneath“ „Под површината“ | Лари Шоу | Марк Чери | 9 октомври 2005 20.03[20] |
Габриела успева да го сокрие Џон пред Карлос да ги открие. Сузан, Бри, Габриела и Линет се загрижени за пораката на Мери Алис и решаваат да откријат што ја натерало да се самоубие. Сузан го поканува Мајк на вечера, но тука е повторно Иди. Бри и Рекс одат кај социјален работник да раговараат за бракот, но Бри ја мачи скинатото копче на работникот. Линет решава да ги научи синовите на убаво однесување. Кучето на Мајк постојано лае на Сузан, а таа ќе смисли трик како да го смири. Но, кучето ќе заврши на ветеринар. | ||||
1-03 (3) | „Pretty Little Picture“ „Убава мала слика“ | Арлен Сенфорд | Оливер Голдстик | 16 октомври 2005 20.87[21] |
Сузан открива дека Мери Алис сакала да приреди вечера за сите нив, но тие заборавиле да дојдат. Затоа и приредуваат вечера во спомен на Мери Алис. Девојчето Ешли, ќе ја фати Габриела со Џон и за да ја замолчи, Габриела и купува велосипед. Зек наоѓа пиштол во куќата. Сузан останува гола среде улица и ќе налета на Мајк. На вечерата, Рекс на сите им открива дека не ја сака Бри, а потоа се иселува од дома. Г-ѓата Хупер го наоѓа канчето на Сузан во изгорената куќа на Иди. Во социјалното, Бри открива касета со исповед на Мели Алис. | ||||
1-04 (4) | „Who's That Woman?“ „Која е таа жена?“ | Џеф Мелман | Марк Чери & Том Специали | 23 октомври 2005 21.49[22] |
Сузан, Бри, Линет и Габриела ја слушаат касетата на која Мери Алис зборува за својот идентитет. Линет ги раздвијува близнаците во градинка, откако тие ќе обојат едно девојче. Карлос наоѓа машки чорап дома и по грешка ќе го претепа човекот од кабловска, кој всушност е хомосексуалец. Г-ѓата Хупер ја уценува Сузан да и го прати Мајк или ќе каже дека таа ја запалила куќата на Иди. Сузан ќе ја замоли ќерка и да провали кај г-ѓата Хупер и да го земе канчето. Бри дознава дека Ендрју оди во стриптиз бар и оди да го најде | ||||
1-05 (5) | „Come in, Stranger“ „Влези, странецу“ | Арлен Сенфорд | Александра Кунингем | 30 октомври 2005 22.14[23] |
Мајк провалува во куќата на Сузан за да ја изненади, а кога ќе го открие, тој ќе ја бакне. Линет решава да ги запише децата во приватно училиште. Мајката на Карлос, Хуанита, доаѓа во посета на синот и Габриела за да ја откачи, ќе и подметне облека во продавница, за да ја уапсат. Бри го поканува Зак на вечера за да дознае повеќе за Мери Алис, но добива иста понуда од Пол, па ќе му откаже на Зак. По вечерата, Пол со Зак си заминува од соседството. | ||||
1-06 (6) | „Running to Stand Still“ „Трчање во место“ | Фред Гербер | Трејси Стерн | 6 ноември 2005 24.60[24] |
Габриела се нервира што го гледа Џон со Даниела, но открива дека нејзината свекрва сака да се коцка. Хуанита ја искористува картичката на Карлос и Габриела и ветува дека Карлос нема да дознае, и дека таа ќе ги врати парите. Сузан го бара Зак и дознава дека тој е во болница и ја моли Џули да дознае каде е. Рекс и признава на Бри дека сексуалниот живот не им оди. Бри ќе го изненади во мотел, облечена во долна облека, но ќе ја забележи дамката на подот. | ||||
1-07 (7) | „Anything You Can Do“ „Сѐ што можеш да сториш“ | Лари Шоу | Џон Парди & Џој Марфи | 13 ноември 2005 24.21[25] |
Сузан наоѓа ќебе во подрумот на кое е испишано името Дејна. Таа оди на вечера кај Мајк, но таму ќе ја затекне Кендра. Том го поканува неговиот шеф на вечера, што ќе ја изнервира Линет. Хуанита открива дека Габриеле го изневерува Карлос со Џон. Таа скришно ги снима со камера, но бегајќи од нив, но е прегазена на улица. Габриела е бесна што Џон се гледа со Даниела, па и нуди да ја школува надвор од градот. Рекс решава да се разведе и на им кажува на децата. Ендрју дознава дека ја прегазил мајката на Карлос. | ||||
1-08 (8) | „Guilty“ „Виновен“ | Фред Гербер | Кевин Марфи | 20 ноември 2005 27.24[26] |
Бри решава да го прикрие Ендрју. Хуанита е во кома. Карлос сака да има дете, но Габриела не помислува на тоа. Линет не може да се смири покрај децата и постојано има ноќни мори. Мајк ја поканува Сузан на состанок кај него, но таа открива дека тој има пиштол и пари кои ги крие. Мајк ја исфрла, но подоцна се премислува и ја моли за извинување. Пол дознава дека госпоѓата Хуберт го шпионира и ја задавува. | ||||
1-09 (9) | „Suspicious Minds“ „Сомнителни умови“ | Лари Шоу | Џена Бенс | 27 ноември 2005 21.56[27] |
Пол ја закопува г-ѓата Хубер во паркот. Габриела приредува модна ревија на која ја поканува и мајката на Џон, која ќе дознае дека син и има афера со мажена жена, па ќе претпостави дека тоа е Сузан. Сузан открива дека Габриела има врска со Џон. Карлос е уапсен поради малверзации. Зак и открива на Џули дека као дете ја убил сестра му Дејна. Линет сака да најми дадилка и ја ангажира Клер. Бри открива дека Ендрју пуши и ќе му земе урина за да дознае дали се дрогира. | ||||
1-10 (10) | „Come Back to Me“ „Врати ми се“ | Фред Гербер | Пати Лин | 4 декември 2005 22.34[28] |
Мејси Гибсон скришно работи како проститутка и нејзин клиент ќе биде Рекс. Но тој ќе доживее срцев удар, и Бри во болницата ќе дознае дека тој ја изневерувал со Мејси. Карлос бара од Габриела да ги најде документите и пасошот кој ги сокрил и да ги уништи, но таа ќе го запали пасошот, а ќе ги задржи документите. Линет е загрижена што децата и се зближиле со Клер, па ќе постави скриена камера. Еди вика полицијата да ја бара г-ѓата Хубер. | ||||
1-11 (11) | „Move On“ „Продолжи понатаму“ | Џон Дејвид Колс | Дејвид Шулнер | 11 декември 2005 25.20[29] |
Сестрата на г-ѓата Хубер, Фелисија ја бара сестра и, па Пол ќе ја откопа за да и ја земе алката, која ќе ја подметне во гаражата на Мајк. Бри го поканува фармацевтот Џорџ на состанок за да го направи Рекс љубоморен. Габриела открива дека сметките на Карлос се блокирани, а адвокатот и советува да најде работа. Линет се сомнева дека Том е вљубен во Клер, и дознава дека тој ја видел гола, па Том ќе ја отпушти Клер. Карл раскинува со Бренди и Сузан го кани на роденденот на Џули, но тој ќе дојде со нова девојка. Полицијата доаѓа кај Мајк и го распрашува за г-ѓата Хубер. | ||||
1-12 (12) | „Every Day a Little Death“ „Секој ден по малку смрт“ | Дејвид Гросмен | Крис Блек | 18 декември 2005 24.09[30] |
Полицијата го открива телото на г-ѓата Хубер во паркот и Еди е осомничен за убиството. Сузан сака да му помогне, но тој непријатно ќе ја изненади. Линет не може да оди на часовите по јога, па ќе му ја избричи главата на синот, за да рецепционерката помисли дека тој е болен од рак. Карлос е ставен во домашен притвор со аларм на ногата. Мајк добива отказ од случајот со исчезнатата ќерка. Џорџ и подарува пушка на Бри, но таа по грешка ќе го застрела во ногата. | ||||
1-13 (13) | „Your Fault“ „Твоја е вината“ | Арлен Сенфорд | Кевин Итен | 25 декември 2005 25.95[31] |
Сузан ги затекнува Џули и Зак како се бакнуваат и ќе и забрани да излегува со него. Мајката на Џон бара од Габриела да го убеди да оди на колеџ. Џон ќе и предложи брак, но таа ќе го одбие, што ќе го натера да се запише на колеџ. Рекс сака да се откаже од разводот, но Бри му кажува дека има врска со Џорџ. Свекорот на Линет, Родни доаѓа во посета и Линет е изненадена кога слуша дека тој е женкар. Том му признава на татко му дека ја изневерил Линет. | ||||
1-14 (14) | „Love is in the Air“ „Љубовта е насекаде“ | Џеф Мелман | Том Специали | 1 јануари 2005 22.30[32] |
Фелисија ја препознава Мери Алис на фотографијата. Габриела ја отпушта слугинката и наоѓа работа како модел, но веднаш добива отказ. Бри не може да сфати зошто Рекс имал љубовница. Децата на Линет и подаруваат украден подарок, а потоа ќе украдат и часовник. Линет кај Мајк ја наоѓа алката на Марта Хубер. Мајк треба да оди на вечера со Сузан, но ќе биде ранет. Сепак, ќе отиде во ресторанот, но таму ќе се онесвести. | ||||
1-15 (15) | „Impossible“ „Невозможно“ | Лари Шоу | Марк Чери & Том Специали | 8 јануари 2006 24.18[33] |
Бри наоѓа кондом меѓу облеката и го обвинува Рекс дека ја изневерува. Том добива унапредување кога неговиот колега доживува срцев удар. Цимерот на Џон, Џастин е новиот градинар на Гариела и ја уценува да спие со него или ќе му каже на Карлос за неа и Џон. Полицијата го апси Мајк, но Сузан сфаќа дека тој не е виновен и дека има алиби. Барајќи ја Џули кај Зак, Сузан ќе ги затекне Ендрју и Џастин во базен. | ||||
1-16 (16) | „The Ladies who Lunch“ „Дамите на ручек“ | Арлен Сенфорд | Александра Кунингем | 15 јануари 2006 24.08[34] |
Мејзи е уапсена поради проституција и Бри дознава дека Мејзи водела дневник за клиентите. Габриела и Карлос кријат дека банкротирале. Синовите на Лин прават скандал во приватното училиште. Пол решава да остане и го бара клучот од куќата од Иди. Сузан раскинува со Мајк и излегува со Иди. Двете решаваат да провалат кај Пол, но тој предвреме ќе се врати, па Сузан ќе се смири со него. Пол открива дека некој му ги изместил работите дома. | ||||
1-17 (17) | „There Won't Be Trumpets“ „Нема да има веселба“ | Џеф Мелман | Џон Парди & Џој Марфи | 22 јануари 2006 24.61[35] |
Хуанита умира и Габриела е бесна кога гледа дека Карлос дава многу пари за споменикот. Бри сака да го прати Ендрју во камп за дисциплина, но тој ја навредува. Мајк си заминува и на Сузан и остава писмо. Бил ја поканува Сузан на состанок. Иди и забранува на Сузан да излезе со него, но Сузан нема да ја послуша. Гловонемата мајка Алиса ги кани Линет и Том на вечера, но нејзиниот сопруг постојано ја критикува. Линет го опоменува, но тој ќе ја напушти Алиса и таа, бесна ќе дојде кај Линет. | ||||
1-18 (18) | „Children Will Listen“ „Децата ќе слушаат“ | Лари Шоу | Кевин Марфи | 29 јануари 2006 25.55[36] |
Полицијата го распрашува Пол за играчката најдена со мртвото тело, но Зак го брани. Карлос ја напаѓа Габриела и бара да имаат дете, но таа не сака. Тој ќе ја удри и Габриела оди кај Џон и спие со него. Линет ги остава децата на Бри, но таа ќе го истепа Потер и Линет ќе и се налути, но ќе увиди дека потегот на Бри има ефект кај децата. Ендру не сака Бри да го посетува. Сузан сака да и помогне на мајка и Софија да се смири со Марти, но таа ќе се пресели кај неа. | ||||
1-19 (19) | „Live Alone and Like It“ „Живеј сам и сакај го тоа“ | Арлен Сенфорд | Џен Бенс | 5 февруари 2006 25.27[37] |
Линет и го спасува животот на г-ѓата Класки и од неа добива на подарок луксузна лампа. Мртвата девојка е идентификувана како Диадри, по која трага и Мајк. Тој ќе го добие нејзиниото досие, но полицаецот кој му го дава, го претепува. Карлос и ги блокира картичките на Габриела, па таа ќе ја земе картичката на Џон. Во досието, Мајк открива дека и Пол имал таква детска играчка. Бри е бесна кога дознава дека Ендрју е хомосексуалец и сака да го прати на психијатар. Габриела нема пари да ја плати сметката во ресторанот, па ќе му се пушти на еден странец. | ||||
1-20 (20) | „Fear No More“ „Не се плаши повеќе“ | Џеф Мелман | Адам Бер | 12 февруари 2006 25.69[38] |
Зак не се откажува од Џули и фрла камчиња на нејзиниот прозор, но ќе ја погоди Сузан. Иди му признава на Пол дека провалила со Сузан кај него, а Мајк ја предупредува Сузан дека пол е опасен. Габриела купува нов автомобил. но открива дека е бремена. Во кујната на Сузан избива пожар. Карлос прави забава, но Габриела открива дека е бремена и пред гостите и го удира Карлос. Линет е бесна кога открива дека Том работи со бившата девојка Анабел. Бри дознава дека Џорџ има девојка и го поканува на забавата на Карлос, но Рекс ќе направи скандал. | ||||
1-21 (21) | „Sunday in the Park with George“ „В недела во парк со Џорџ“ | Лари Шоу | Кејти Форд | 19 февруари 2006 26.10[39] |
Габриела се сомнева дека Карлос ги заменил апчињата за контрацепција, но тој одрекува. Таа му кажува на Џон дека можеби тој е таткото, а Карлос ќе го викне Џон да се врати да работи за нив. Линет е загрижена што нема секс со Том, но тој ќе ја изненади со секси долна облека. Марти и предлага брак на Софи. Иди ќе ги затекне Бри и Џорџ. Сузана ангажира детектив да го следи Пол, но Пол ќе дознае и ќе му даде лажни докази за да ја разубеди Сузан. Сузан дознава дека Мајк бил обвинет за убиство на полицаец. | ||||
1-22 (22) | „Goodbye for Now“ „Догледање за сега“ | Дејвид Гросмен | Џош Сентер | 26 февруари 2006 25.28[40] |
Сузан се смирува со Мајк и на Иди и кажува дека ќе живеат заедно. Зак открива дека Пол заминал, но Фелисија ја открива порака на Пол, а потоа му го дава дневникот на Марта на Мајк. Сузан го наоѓа дневникот и со Џули го следи, но ќе се качат во погрешен камион. Карлос ја следи Габриела и ја гледа со Џастин. Во бес, Карлос ќе го претепа Џастин, мислејќи дека тој е љубовник на Габриела, но е шокиран кога дознава дека Џастин е педер. Линет сака да ја држи Анабел подалеку од Том, па ќе и најде ново работно место. Џорџ открива дека Бри има секс играчки во шкафтот. | ||||
1-22 (22) | „One Wonderful Day“ „Еден прекрасен ден“ | Лари Шоу | Марк Чери | 26 февруари 2006 30.62[41] |
Рекс го носат во болница и треба да му се вгради пејсмејкер, но пред операцијата, тој ќе умре. Габриела го брани Карлос на судењето, но Џон ќе признае дека тој е љубовникот и Карлос по грешка, повторно ќе се нафрли на Џастин. Том дознава дека Линет барала тој да не биде унапреден, но ќе ја убеди таа да се врати на работа. Иди ги запознава новите соседи, Бети и Метју Еплвајт. Зак ја претепува Фелисија и оди кај Сузан. Пол му признава на Мајк дека Зак е син на Диадри и дека таа им го продала бебето на Пол и Мери Алис, но и дека Мери Алис ја убила Диадри. |
Наводи
уреди- ↑ Податоците се во милиони
- ↑ „Season Program Rankings from 09/20/04 through 05/22/05“. ABC Medianet. May 24, 2005. Посетено на July 3, 2009.
- ↑ „Primetime series“. www.hollywoodreporter.com. Архивирано од изворникот на 11 October 2007. Посетено на 15 January 2022.
- ↑ „Season Program Rankings from 09/19/05 through 05/28/06“. ABC Medianet. May 28, 2006. Архивирано од изворникот на October 11, 2014. Посетено на July 3, 2009.
- ↑ „Series“. www.hollywoodreporter.com. Архивирано од изворникот на 19 May 2007. Посетено на 15 January 2022.
- ↑ „Season Program Rankings from 09/18/06 through 06/03/07“. ABC Medianet. June 3, 2007. Архивирано од изворникот на January 7, 2009. Посетено на July 3, 2009.
- ↑ „2006-07 primetime wrap“. The Hollywood Reporter. 25 May 2007.
- ↑ „Season Program Rankings from 09/24/07 through 05/25/08“. ABC Medianet. May 28, 2008. Архивирано од изворникот на April 13, 2010. Посетено на July 3, 2009.
- ↑ „Ratings - ABC Primetime Performance - 2008 May Sweep/2007-08 TV Season“. TheFutonCritic.com. Посетено на 2022-05-05.
- ↑ „Season Program Rankings from 09/22/08 through 05/17/09“. ABC Medianet. May 19, 2009. Архивирано од изворникот на January 31, 2010. Посетено на July 3, 2009.
- ↑ „Ratings - ABC 2009 May Sweep / TV Season Ratings | TheFutonCritic.com“.
- ↑ Final 2009–2010 Broadcast Primetime Show Average Viewership, TV by the Numbers, June 16, 2010
- ↑ „Private Site“. Архивирано од изворникот на 2012-10-13.
- ↑ „2010–11 Season Broadcast Primetime Show Viewership Averages“. TV by the Numbers. June 1, 2011. Архивирано од изворникот на June 4, 2011.
- ↑ „Private Site“. Архивирано од изворникот на 2014-10-21.
- ↑ Gorman, Bill (May 24, 2012). „Complete List Of 2011–12 Season TV Show Viewership: 'Sunday Night Football' Tops, Followed By 'American Idol,' 'NCIS' & 'Dancing With The Stars'“. TV by the Numbers. Архивирано од изворникот на May 27, 2012.
- ↑ „Full 2011-2012 TV Season Series Rankings“. 25 May 2012.
- ↑ Податоците се во милиони и се однесуваат на САД
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. October 5, 2004. Архивирано од изворникот July 18, 2014. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. October 12, 2004. Архивирано од изворникот February 14, 2015. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. October 19, 2004. Архивирано од изворникот на November 5, 2014. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. October 26, 2004. Архивирано од изворникот June 3, 2009. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. November 2, 2004. Архивирано од изворникот August 11, 2014. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. November 9, 2004. Архивирано од изворникот на August 11, 2014. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. November 23, 2004. Архивирано од изворникот March 6, 2012. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. November 30, 2004. Архивирано од изворникот December 27, 2008. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. December 14, 2004. Архивирано од изворникот на December 21, 2008. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. December 21, 2004. Архивирано од изворникот December 21, 2008. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. January 11, 2005. Архивирано од изворникот May 27, 2010. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. January 19, 2005. Архивирано од изворникот на December 21, 2008. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. January 25, 2005. Архивирано од изворникот May 28, 2010. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. February 15, 2005. Архивирано од изворникот на March 11, 2015. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. February 23, 2005. Архивирано од изворникот на March 11, 2015. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. March 29, 2005. Архивирано од изворникот April 2, 2012. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. April 5, 2005. Архивирано од изворникот July 28, 2014. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. April 12, 2005. Архивирано од изворникот May 28, 2010. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. April 19, 2005. Архивирано од изворникот November 1, 2013. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. May 3, 2005. Архивирано од изворникот March 11, 2015. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. May 10, 2005. Архивирано од изворникот December 21, 2008. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. May 17, 2005. Архивирано од изворникот December 21, 2008. Посетено на June 8, 2010.
- ↑ „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. May 24, 2005. Архивирано од изворникот на May 16, 2009. Посетено на June 8, 2010.